Египетските археолози откриле 17 мумии во катакомби во провинцијата Миниа, јужно од Каиро, соопшти египетското министерството за антиквитети.
Мумиите се откриени во областа Туна ел Габел, во центарален Египет.
Според египтологот Салах Ал Коли, ова откритие е „без преседан“, бидејќи е првата некропола откриена во централен Египет со толку многу мумии.
Утврдено е дека мумиите не припаѓале на членови на кралските семејства.

Сѐ уште не одредено од кога датираат мумиите. Локалитетот каде се откриени крие археолошко богатство од грчко-римскиот период помеѓу третиот век пред новата ера и третиот век од новата ера.
ЕНаука — поддржана од читателите
Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.
Поддржете ја ЕНаука
Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.
15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032cE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJtВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























