Во име на борбата против пластика, влажните марамчиња може да станат минато

Влажните марамчиња кои ги користиме за отстранување на шминка, бришење на раце, лице и други делови од телото би можеле да станат минато.

Имено, Британија во наредните две недели планира да го искорени целосно пластичниот отпад, вклучувајќи ги и производите за еднократна употреба како што се влажните марамчиња. Тие сепак содржат неразградлива пластика.

Со тоа производителите ќе имаат две опции: да произведат влажни марамчиња кои не содржат пластика или истите ќе се соочат со забрана за производство.

Влажните марамчиња се исто така познат главен виновник за одводите. Конкретно во британските канализации предизвикуваат дури 93% од затнувањата. Останатаите предизвикувачи се маснотиите и други хигиенски производи. Тоалетната хартија е предизвикувач на затнувања само во промили, односно ниту 1%.

Сето тоа ја поттикна британската влада да отпочне со кампања за информирање на јавноста дека влажните марамчиња не смеат да се фрлаат во канализациите.

“Соработуваме и со производителите и со продавачите со цел да се даде јасно до знаење како истите треба правилно да се одлагаат” велат од министерството за заштита на животната средина. Исто така се поттикнуваат и иновации кои ќе овозможат производство на разградливи марамчиња.

Индустријата за влажни марамчиња доживеа процвет во последната деценија, а производителите нудат се повеќе видови – марамчиња за чувствителна кожа, марамчиња за бебе, за отстранување на шминка, потоа марамчиња против инсекти, марамчиња наместо дезодоранс, па дури и за заштита од сонце.

Повеќето од нив се направени од полиестер и други неразградливи материјали.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.