Во Кина наскоро ќе никнат „градови шуми“

Италијанскиот архитект Стефано Боери, познат по проектирање облакодери прекриени со зеленило, осмислил проект кој би требало да се спроведе во Кина, замјата со најголемо загадување на воздухот во светот.

Комплексот би се состоел од две кули прекриени со 23 различни видови на дрвја и 2.500 каскадни грмушки. Во овие згради би бил сместен канцелариски простор, луксузен хотел со 247 соби, музеј и школа за пејсажна архитектура.

Пректот е наменет за градот Нанјинг, на истокот на Кина.

Ова не е единствен проект кој Боери сака да го спроведе во Кина.Во иднина би сакал да изгради цели „зелени градови“.

„Би требло да проектирам цел град во кој нема сите згради да бидат облакодери, туку ќе се состои од 100 до 200 згради со различна големи, со дрвја и други растенија кои би се наоѓале на фасадите. Многу сериозно работиме на осмислување на овој комплекс згради и мислам дека неговата изградба ќе започне кон крајот на годината. До 2020 година би можеле да го видиме првиот зелен град во Кина“– вели Боери за  „The Guardian“  .

Поддржете ја нашата работа: