Благодарение на филмовите, кога ќе се спомене пирамида, повеќето од нас го замислуваат Египет, каде што големите триаголни гробници се синоним за самата земја.
Но, Египет не е „главниот град“ на пирамидите, иако многумина од нас тоа го претпоставуваат. Таа чест му припаѓа на јужниот сосед на Египет – Судан.
Судан е земјата која има најмногу пирамиди во светот, помеѓу 200 до 255 познати пирамиди, во споредба со Египет кој има 138.
Пирамидите во Судан биле изградени од страна на членовите на Кралството Куш, древна цивилизација која владеела во областите по должината на реката Нил од 1.700 г. п.н.е. до 350 г.
Додека членовите на Куш започнале да градат пирамиди околу 500 г. по Египќаните, и двете култури ги користеле за погребување на мртвите.
Исто како и Египќаните, и членовите на Кралството Куш ги закопувале нивните кралски семејства под високите пирамиди – веројатно за да им помогнат на нивните души да стигнат до небесата, но структурите се доста различни. Пирамидите во Нубија се многу поостри и потесни, и се изградени од различни камења бидејќи површината на египетските пирамиди е мазна.
Исто така, и големината на пирамидите многу се разликува, Просечната пирамида на Кралството Куш била околу 6 до 30 метри висока, додека пак просечната египетска пирамида е 138 метри.
Најмногу пирамиди имало во античкиот град Мерое (Meroë), кој се наоѓа во близина на средината на денешен Судан. Само овој град има 200 од вкупно 255-те пирамиди во земјата, што укажува на тоа дека во одреден момент тој бил просперитетна метропола.
И покрај тоа што знаат кој ги изградил и во кој период, истражувачите се’ уште имаат многу прашања за суданските пирамиди за кои немаат целосен одговор. Дали тие ги користеле истите методи како и Египќаните? Колку време било потребно за да се подигне една пирамида? Што се случило со целото општество? Во моментов, никој не е сосема сигурен.
Добрата вест е дека тимови на археолози во моментов работат во Мерое за да откријат што е можно повеќе, и тоа користат дронови за скенирање на оваа област од горе.
Погледнете го видеото на „National Geographic“.
Покрај тоа што во Египет нема најмногу пирамиди, и најголемата пирамида во светот не се наоѓа таму! Најголемата пирамида Чолула се наоѓа во Мексико, која всушност е скриена во внатрешноста на планината.
Прочитајте повеќе на Енаука.мк: Најголемата пирамида на светот е скриена под планина во Мексико