Повеќе од 10 илјади ајкули од видот „Carcharhinus limbatus“ биле забележани во близина на брегот на Округот Палм Бич во Флорида оваа недела.
Нормално е за овие ајкули масовно да мигрираат во потопли води за време на зимските месеци, но оваа година тие се наоѓаат посеверно од вообичаеното, со што, како што може да забележите на сликата, се доближиле на околу 100 метри од брегот.
Иако ова звучи застражувачки, нема потреба за загриженост бидејќи овие ајкули лесно се плашат и бегаат, и иако се одговорни за најголемиот број на човечки напади секоја година во Флорида, досега никого не каснале фатално. Покрај тоа, не растат повеќе од 1,5 метри, велат експертите.
Тие нагласуваат дека луѓето не мора да ги избегнуваат овие води се додека ги следат инструкциите на спасувачите и мерките на претпазливост, како на пример да избегнуваат да пливаат на зајдисонце и изгрејсонце.
Тим на биолози успеале да ја направат оваа неверојатна снимка од воздухот.
https://www.youtube.com/watch?v=OUYC81R05tY
Интересно е тоа зошто ајкулите решиле да останат во овој регион во ова време од годината. Тие обично се појавувале кон средината на јануари и потоа продолжувале на југ. Сега, експертите шпекулираат дека тоа се должи на Ел Нињо кој предизвикал источниот брег да остане значително потопол кон крајот на минатата година, како и океанските температури да се зголемат подалеку од екваторот.
За да откријат зошто е тоа така, биолозите на чело со Стивен Каџиура, ги обележуваат ајкулите за да можат да следат каде одат и што прават во текот на годината. Веќе обележале 32, а сакаат да обележат вкупно 60 за да ја откријат шемата на мигрирање и начинот на нејзиното менување.