Некој на ајкулите им ги вади органите, но не човекот!

Нешто чудно се случува на бреговите на Јужна Африка – неколку трупови на мртви бели ајкули се појавуваат по брегот на морето, а што е уште понеобично, од нивното тело хируршки со прецизност е отстранет црниот дроб, додека кај две ајкули недостасува и срцето.

Биолозите биле изненадени со ова откритие, но по долго теоретизирање, ја насочиле вината на китовите убијци кои ловат во групи и напаѓаат делфини, пингвини, па дури и други китови. Можат да пливаат со брзина од 30км/ч. а се сметаат за најинтелигентни животни за кои се уште многу работи не се откриени, особено нивната развиена комуникација.

Обдукцијата е спроведена од страна на тим за заштита на природата на Даер Ајленд, која била предводена од страна на биологот Алисон Таунер, на труп од мажјак голема бела ајкула, пронајдена на 24ти јуни, во релативно рана состојба на распаѓање.

Телото е долго 4,1 метри, а она што покажува дека китовите се виновни за ова дело, е тоа што тие активно патролирале на местото на злосторството. Најголемата пронајдена масакрирана ајкула била со должина од 5 метри.

Овие бизарни настани започнале во мај, а научниците веруваат дека ќе продолжат да се случуваат подолго време. Иако китовите се одлични ловци, невообичаено да одат по големи бели ајкули, кои се неспорни предатори во овие води.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.