Вода од воздух

Еден од начините да се обезбеди вода за пиење во подрачјата што се погодени од суша е водата да се собере од воздухот.

Истражувачите од Универзитетот Харвард развиле материјал што оваа постапка ќе ја направи многу полесна. Испирација за тоа претставуваат различните начини на собирање на вода од атмосферата што ја природно ја поседуваат многу видови на растенија и животни.

Новиот материјал, за кој истражувачите тврдат дека ги надминува сите синтетички материјали што сега се користат за собирање на водата од воздухот, е комбинација на  елементи од три различни видови на растенија и животни

Според истражувачите, најголем предизвик во оваа постапка е да се контролира големината, брзината и правецот на водените капки што се формираат и истекуваат кон собирната површина. Основното решение за овој проблем, истражувачите го копирале од надворешните испакнатини од еден инсект од Намибиската пустина што му помага на инсектот да ги собере водените капки од својот оклоп. Покрј хидрофилните и хидрофобните својства што ги поседуваат овие испакнатини, истражувачите откриле дека и нивната конвексна форма исто така им помага да ја соберат водата.

Droplet3Овој мехнизам на собирање на водата истражувачите го подобриле со имитирање на геометријата на боцките од кактусот и со специјaлно дизајнирана обвивка што ја имитира лизгавата површина од месојадните билки, што овозможува да се формираат поголеми капки вода.

Ваквиот ефект на системот, заедно со посебната технологија што ја развиле истражувачите (Slippery Liquid-Infused Porous Surfaces), му овозможува на материјалот да ја собере водата на начин на кој инаку не би бил возможен.

Оваа техника, покрај тоа што ќе овозможи да се собере водата во сушните региони, може да се користи и за подобрување на кондензацијата во индустриските машини.

Околу 1,2 милијарди луѓе во светот живеат со недостиг на вода, а две третини од светската популација се соочуваат со недоволно вода на месечно ниво. Оваа технологија би можела да направи огромна разлика во животите на овие луѓе.

Истражувањето е објавено во списанието „Nature“.

Поддржете ја нашата работа: