Со малку фантазија, обичен аквариум со неколку предмети, зголемени со макро леќа во секунда може да се претвори во некој далечен вселенски простор. Авторите, користејќи мастило во разни бои, дизајнирале ново фасцинантно видео кое изгледа како да е производ од долготрајна работа пред компјутер.
Низ овој бавен спектакл, имаме неколку сцени кои изгледаат како планети во некоја шарена галаксија, но и град кој го поплавила шарена поплава и цвеќе кое пулсира под разни бои. Секоја боја која е додадена и зголемена во овој аквариум, резултира посебни ефекти и поплава од впечатоци кои во еден момент не потсетуваат на многу филмски хитови.
За видеото се заслужни Canon 70D и Canon MPE-65 апарати со 100 мм. леќа.
Поддржете ја нашата работа: