За фановите на „Avengers“ – „Iron Man“ ракавица

Во пресрет на новото продолжение „Avengers: Age of Ultron“, Прибе, поранешен лабораториски техничар, создаде целосно функционална „Iron Man” ракавица што произведува 2  моќни ласери од дланката (црвен- 700 миливати и син-300 миливати), како и испалувач на „проектил“. Ракавицата дополнително има и звучни ефекти, што го надополнува целото „Iron Man“ чувство.

Ласерите не се доволно моќни да повредат некој како „ULTRON“, но тие се способни за пукање балони и правење модели од дрво.

Надворешноста на ракавицата е направена од алуминиум, а внатрешноста и механизмите од месинг.

Прибе, кој е целосно посветен на неговите проекти, ги продава своите креации и прифаќа посебни барања од фановите на неговиот веб-сајт. Во зависност од сложеноста на проектите, тие чинат помеѓу $ 300 и $ 5.000.

 

Поддржете ја нашата работа: