За прв пат – Научниците ќе ги истражуваат токсичните топли извори во Етиопија

Околу 600 километри северно од главниот град на Етиопија, Адис Абеба, се наоѓа озлогласената Данакилска депресија – пустина со топли извори со температури блиски до точката на вриење, со токсичен хлор и сулфурна пареа, а воедно и непријатна миризба на гасови.

Се смета за едно од најнепријатните и најнепогодните места за живеење, но сепак, научните сознанија што може да се добијат од него се непроценливи, особено кога ќе го земеме предвид фактот дека досега најдобрите кандидати за живот на друго место во вселената не изобилуваат со зеленило и пријатни температури.

20130731-045912
Најизненадувачки е тоа што досега никој не успеал соодветно да го проучи ова место се до пред три недели, кога тим на истражувачи предводен од Фелипе Гомез Гомез од шпанскиот центар за астробиологија ја започна првата експедиција во Данакилската депресија.

2Од 5 до 7 април, истражувачите ги мереле температурите, влажноста, pH вредноста и нивото на кислород на неколку места во регионот, додека истовремено собирале примероци од бактерии и тестирале нова техника за вадење на ДНК. Иако се работи за краткотрајно истражување, ова е само првото од серија планирани експедиции со цел да се подготви средината за пристап на пошироката научна заедница, што ќе помогне во откривањето на нејзините тајни.

4„Има многу малку научни публикации за местото, и нема никакви биолошки опси, што значи дека ние всушност истражуваме ново земјиште од научна гледна точка“, вели Гомез Гомез. „Ова е навистина неверојатно, но опасно место со температури од 42 степени во текот на денот и 30 степени во текот на ноќта, како и пареа која ги гори нашите дишни патишта. Секој вид на микроорганизми кој живее овде би бил од голем интерес за научниците поради можноста за преживување во екстремни средини“, објаснува тој.

3Научниците сметаат дека оваа изразито жолта боја се должи на топлата магма која локоти под површината и предизвикува огромните депозити на сол во областа да го обојат земјиштето жолто.

5Додека трпеливо чекаме да дознаеме што откриле научниците, погледнете како изгледа ова чудно место на земјата.

Поддржете ја нашата работа: