За прв пат успешно “избришан” ХИВ вирусот од човечка клетка

Истражувачи од Универзитетот „Темпл“ можеби конечно пронашле начин да го отстранат овој подмолен вирус од клетките. Создале таканаречен ” ХИВ едитор”.

На кој начин функционира?

Тимот анализирал дел од нашиот имунолошки систем, кој се бори против инфекции и изградил примерок на „RNA“, влакно кое се состои од 20 нуклеотиди (RNA структура).  Потоа ја инјектирал во клетките инфицирани со ХИВ, како на пр. Т-клетките. Таму, тие ги напаѓаат крајните делови на генот од вирусот и ги исфрлаат сите 9709 нуклеотиди.  RNA структурата не содржи секвенци од човечка ДНК. По напуштањето на клетката-домаќин, клетката останува непромена, но ХИВ вирусот е уништен.

Иако научниците успеале да го елиминираат вирусот од културните клетки, сепак има уште многу пречки пред да се примени на човечката популација. Од друга страна пак, предизвик е да се аплицира на секоја од инфицираните клетки.

Камел Калили, претставник од универзитетот, вели дека се работи на пронаоѓање на конструктивни стратегии за претклинички истражувања. Ултимативната задача е да се искорени секоја копија на ХИВ 1 вирусот и лечење на СИДА.

Поддржете ја нашата работа: