Забележан целосно бел лос во Шведска

Ретки се фотографиите од целосно бели лосови од Шведска. Еден член од општинскиот совет, Ханс Нилсон, како љубител на природата често се обидувал да ги фотограира ретките лосови. После три години труд, конечно направил снимка од бел лос кој преминува плитка река и шета низ високата трева. Се чини дека белото животно има и кадифено бели рогови.

И покрај таквиот изглед, бојата не е резултат на албинизам. Ваквиот вид на лос го добил својот изглед благодарение на рецесивните гени.

Инаку, Скандинавија е дом на лосот, кој е најголем вид на елен со висина од два метри и тежина до 800 килограми. Географското живеалиште на лосот, освен во Скандинавија се протега и низ Канада, Алјаска, САД, Русија, и Монголија. Нормално поголемиот дел од лосовите се темно кафеави, а белите се само мал дел од популацијата. Во Шведска живеат околу стотина бели лосови кои како и овој не се албино видови.

Кон крајот на јуни, оваа година во Норвешка се снимени два лоса, но од снимката не може да знаеме дали станува збор за албинизам или петна.

Иако на ваквиот лос му недостига типичниот кафеав капут, не е познато дали белиот или абино лос е во неповолна положба во дивината. Темниот слој го оттежнува набљудувањето во шумската околина.

“Повеќето мајки лосови се заштитнички настроени кон своите младенчиња, а веројатноста за преживување во првите месеци од нивниот живот зависи од тоа колку добро мајката ги брани. Обично тоа значи, држење на младенчињата подалеку од предатори како волци и мечки. Нивната боја е зависна од местото каде се наоѓаат.“ објаснува Ли Кантар, биолог, специјализиран за елени од Мејн.

Поддржете ја нашата работа: