Заблуди околу исхраната за време на бременоста

Периодот на бременоста е веројатно еден од најубавите во животот на жената. Но со бременоста одат и неизбежните совети од најблиските, секако и советите од докторите за тоа што треба, а што не треба да се јаде или да се пие во текот на бременоста. Понекогаш ова може да претставува „сива зона“, со оглед на тоа дека секоја година истражувачите излегуваат со нови совети или предупредувања околу исхраната на жените за време на бременоста.

Во видеото на „Mental Floss“ се прикажани и објаснети 10 заблуди поврзани со бременоста базирани на научните студии.

Покрај нив еве уште шест митови поврзани со храната и бременоста:

1. Јадењето риба е во ред

Нивото на жива што го содржат големите морски риби како сабјарката, кралската скуша и одредени видови на туна е виско и опасно за бремените жени. Од друга страна, нивото на жива во лососот е ниско и тој е безбеден за јадења за бремените жени. Покрај тоа, содржи здрави омега -3 масни киселини за кои е докажано дека ги подобруваат когнитивните функции на бебето.

2. Кафето може да предизвика спонтан абортус или предвремено породување

До пред четири години гинеколозите предупредуваа дека постојат ризици по здравјето од пиењето кафе за време на бременоста. Сегашните препораки се дека кафето може да се пие во умерени количини. До 200 милиграми кофеин или една шолја кафе дневно нема да предизвика спонтан абортус или предвремено породување.

3. Треба да јадеш за двајца

Бремените жени јадат за двајца, ама не за двајца возрасни. Националниот институт за здравје на САД препорачува во второто тромесечје од бременоста внесот на калории да се зголеми за 340 и уште дополнителни 452 во третото тромесечје.

4. Може да пиете малку алкохол

Не, не смеете да пиете алкохол за време на бременоста. Мал број доктори ќе ви речат дека е во ред одвреме-навреме да се напиете по малку алкохол, но нема доволно истражувања кои дефинитивно потврдуваат дека ова е безбедно. Затоа нема потреба да ризикувате и најголемиот број од докторите препорачуваат воопшто да не пиете алкохол додека бебето се развива во вашата утроба.

5. Не смеете да јадете сирење

Непастеризираните сирења, како што се бри сирењето, фета и козјото сирење би требало да се избегнуваат поради можноста од алиментарни заболувања. Но, нема потраба потполно да се откажете од сирењето, само треба да конзумирате пастеризирани производи, а тоа може да се провери од податоците на етикетата на производот.

6. Зачинетата храна ќе ви предизвика трудови

За да го проверат ова старо верување, пред три години научниците направиле истражување со кое биле опфатени над 200 бремени жени. Тие се обиделе да предизвикаат трудови кај жените во третото тромесечје од бременоста преку зачинета храна, но докторите констатирале дека ваквата храна нема никакво вијание врз терминот за породување.

Поддржете ја нашата работа: