Заборавете на БМИ калкулаторот, постои поточен метод

БМИ калкулаторот за пресметка на индекс на телесна маса, кој се темели на односот на тежина и висина, стана славен уште во 1830та година, но сега се смета за релативно несофистициран метод.

Минатиот месец, еден тим на научници од клиниката Мајо објави BVI (Body Volume Indicator), нова алатка за процена на здравата тежина. Поентата на овој метод е да се спореди вкупниот волумен на телото со обемот на стомакот. Мерењето може да се направи рачно или со помош на апликација.

“Професиите со кои се занимаваме можат да придонесат за клучен увид во нашето здравје”, вели Хозе Медина Инохоса, специјалист за превентивна кардиологија од клиниката Мајо. Неколку студии веќе ја воочиле врската помеѓу големите количини на абдоминална маснотија и зголемениот ризик од срцеви заболувања и дијабетес.

Во големото истражување од 2012та година, научниците ги разгледале податоците од повеќе од 340 000 Европејци и откриле дека луѓето кои имаат зголемена телесна маса и со зголемен струк (од 87,63 cm и повеќе за жените, a 101,6 cm и повеќе за мажите) имале скоро ист ризик од развој на дијабетес, како и луѓето кои биле клинички дебели. Една од најопасните замки на БМИ калкулаторот, е фактот дека не ја пресметува абдоминалната маснотија. Исто така, некои слаби луѓе со многу мускулна маса може да имаат БМИ кој би ги класифицирал под “прекумерна тежина”.

Експертите за јавно здравство со години признаваат дека БМИ калкулаторот не е совршен и дека треба треба да покажува поконкретни информации за абдоминалниот дел. Научниците сеуште не се сигурни зошто вишокот на маснотии околу половината е поврзан со негативни здравствени исходи, но мислат дека абдоминалната и висцералната маснотија може да смета за нормална функција на нашите внатрешни органи.

За да се биде здрав, не е важно прашањето колку килограми имате, туку колку имате абдоминални масти, заклучуваат научниците од Харвард уште во 2005та година. “BVI нуди нова, подобрена потенцијална дијагностичка алатка”.

Поддржете ја нашата работа: