Заедничкиот предок на пеперутката, пајакот и јастогот

По се изгледа, сите тие се преживеани потомци на новоидентификуваниот вид наречен „Yawunik kootenayi“, морско суштество со два пара очи и истакнати „грабачки“ додатоци кое живеело пред 508 милиони години – повеќе од 250 милиони години пред првиот диносаурус.

Фосилот е идентификуван од страна на меѓународен тим предводен од палеонтолози на Универзитетот во Торонто и музејот Ројал Онтарио во Торонто, како и колеџот Помона во Калифорнија. Тоа е првиот опишан нов вид од широкиот спектар во познатиот канадски Барџис Шале депозит на фосили.
“Yawunik“ има долги фронтални додатоци кои личат на антените на модерните бубачки или ракчиња, иако овие додатоци се составени  од три долги канџи, меѓу два спротивставени редови заби, со кои животното го фаќало својот плен. Се верува дека имало огромно влијание во синџирот на исхрана во минатите екосистеми.

„Ова суштество е проширување на нашата перспектива за анатомијата и предаторските навики на првите членконоги, групата на која припаѓаат пајаците и јастозите”, изјави Седрик Арија, главен автор на студијата објавена оваа недела во „Palaeontology“. 

Тоа има препознатливи карактеристики на членконогите со својот надворешен скелет, сегментирано тело и поврзани екстремитети, но недостасуваат одредени напредни карактеристики кои се присутни во групите кои преживеале до денес. Научниците го нарекуваат „матична“ членконога.
Поддржете ја нашата работа: