Многу возрасни лица кои користат ибупрофен и други нестероидни антиинфламаторни лекови (NSAID), ги земаат во преголеми дози, зголемувајќи го така ризикот од бројни сериозни несакани ефекти, како што се внатрешно крварење и срцев удар – стои во заклучокот на новата американска студија.
Станува збор за 15% од возрасните лица кои знаат да земаат ибупрофен и некои други слични лекови како аспирин, напроксен, диклофенак и слично, при што ја надминуваат дневната максимално препорачана доза за истити – стои во споменатото истражување.
NSAID лековите се инаку меѓу најчесто користените лекови во САД и Европа, вели лидерот на студијата Д-р. Дејвид Кауфман од Универзитетот во Бостон.
Наведените лекови можат да предизвикаат сериозни несакани ефекти, вклучувајќи крварење во дигестивниот тракт и срцев удар. Проблемот се јавува бидејќи овие лекови често се земаат без препорака од лекар или фармацевт, бидејќи многу од нив се достапни без рецепт. Луѓето мислат дека можат да земаат дози од лекот по сопствена проценка, без оглед на писменото предупредување кое стои во пакувањето на лекот, игнорирајќи ги максимално строго дозволените граници.
Во рамките на студијата, 1326 корисници на ибупрофен воделе дневник, користејќи го лекот 7 дена. 87% од нив го набавиле лекот без рецепт, наведуваат научниците во своето истражување, објавено во списанието Pharmacoepidemiology & Drug Safety.
Вкупно 55% од пациентите земале ибупрофен 3 пати неделно, а дури 16% од нив го користеле секој ден.
37% од луѓето пријавиле дека покрај ибупрофен земале најмалку уште еден лек од споменатата NSAID група во текот на една недела, а најчесто станува збор за аспирин или напроксен. Помалку од пола од испитаниците биле свесни дека сите тие лекови припаѓаат на истата NSAID-група.
Научниците се едногласни кога станува збор за NSAID лековите. Тие сметаат дека оваа група на лекови не смее да биде во слободна продажба, туку само со рецепт во консултација со лекар.