Најголемата париска знаменитост, Ајфеловата кула ќе се реконструира во следните 15 години. Тоа не значи дека кулата ќе биде затворена цело време, бидејќи работите ќе се изведуваат постепено.
Ќе се работи на подобрување на безбедноста, на заштитата од дожд и снег за посетитетиле кои чекаат во редиците, на модернизација на лифтовите и на вториот кат, како и на намалување на редиците од посетители благодарение на новите приемни простории.
Најавите доаѓаат во исто време кога Париз се пријавува да биде домаќин на Олимписките и Параолимписките игри во 2024 година, како и за домаќин на Светската изложба (World Expo) во 2025 година.
Ајфеловата кула е изградена во 1889 за Светски Саем (World Fair) и требало да остане само привремено, но се претворила во најголема париска атракција. Кулата опстојува олку долго благодарение на редовните реновирања, а оваа што следи е една од најголемите досега.
Претходната голема реконструкција е изведена во 1981 , кога целта била да се намали тежината на кулата за 1000 тони. Имено , со тек на времето во кулата е отворен ресторан што ја зголемило тежината и влијаело на структурните деформации. И тогаш биле реноврани лифтовите , скалите и се работело на зголемување на безбедноста.
1889
Кулата била отворена и била опремена со сијалички во три бои: сина, бела и црвена, а сигналот се менувал на секои 90 секунди.
1900
Поставени се нови лифтови кои возеле 10 пат во еден час и можеле да пренесат 40 лица.
1914
За време на Првата светска војна кулата била затворена.
1937
Архитектот Андре Геасет (Andre Graset) го изградил најголемиот лустер во светот кој бил поставен да виси под првата платформа за време на изложбата на уметност и техника. Лустерот бил составен од 10 километри шарени, флуоросцентни цевки поврзани со 30 проектори кои биле вперени кон небото.
1941
Кулата била затворена и за време на Втората светска војна
1957
После пожарот што избувнал на врвот на кулата, морало да се направи реконструкција за да се поправи штетата, која траела со години. Била поставена нова платформа и опрема за пренос на настани во живо, што им овозможило на три радио и телевизиски станици да го емитуваат својот сигнал.
1965
Во северниот дел на кулата е инсталиран нов лифт кој можел да пренесува 100 патници.
1969
На првто ниво е поставено лизгалиште
1981
Реконструкција, со цел да се намали тежината на кулата до 1.000 тони.
1982 -1983
На третото ниво постојат две платформи. На едната се поставени столови кои го покажуваат растојанието до другите градови, а на другата се наоѓа отворена тераса со поглед во канцеларијата на Густав Ајфел. Додаден е и нов лифт, кој може да пренесува до 1.700 лица на час.
1995
Направено е 17-тото по ред бојадисување. На секои седум години, работниците нанесуваат на кулата 60 тони боја, со цел да се сочува структурата на железото и челикот.
2000
За прославата на новиот милениум на кулата беа додадени 20, 000 светилки, кои се инсталирани една по една. И денес може да се види петминутно „шоу“ на наизменично светло на секој чај во текот на вечерите.