Реконструирано лице на брутално убиен човек пред 1400 години

СПОДЕЛИ

Експерти по судска медицина на Универзитетот во Данди, успешно реконструирале лице на човек кој бил убиен пред 1400 години.

Во пештерата, која тогаш се користела за ковање на железо, научниците ископале добро сочувани коски од човек, кој во моментот на смртта лежен на плеќи со прекрстени нозе, а околу нив биле заврзани тежки камења од блискиот брег.

content-1487347300-piccccfaceОткриено е дека човекот умрел помеѓу 430. и 630 година, што значи дека најверојатно припаѓал на племето на Пиктите кои ја населувале денешна Шкотска и успешно се бранеле од нападите на Римјаните до десеттиот век. Името им го дале Римјаниете што во превод значи исцртани, истетовирани.

Со анализа е потврдено дека човекот примил барем пет удари во пределот на главата со тап предмет. Првиот удар му го скршил забот од десната страна, а после вториот му се скршила вилицата од левата страна. После тоа, човекот паднал на подот со што потполно му била скршена вилицата. Четвртиот удар на убиецот бил зададен со цел да се осигура дека човекот бил мртов. Со истиот предмет, најверојатно стап, на човекот му го скршил черепот.

Оваа реконструкција е резултат на најновите технолошки достигнувања во областа на анатомијата, антропологијата и форензиката.

content-1487347370-pitcПоследните денови на жртвата, засега за научниците се непознати, но додатните ископувања и анализа на коските би требало да дадат одговор на тоа прашање. Причините за убиството не се познати, но научниците веруваат дека е резултат на кавга помеѓу двајца мажи или некаков облик на жртвување.

Дискусија

Коментари