Започнува сериското производство на првиот автономен минибус во Кина

Кинескиот интернет гигант „Баиду“ го најави почетокот на сериското производство на првиот автономен минибус во Кина, кој ќе се користи во туристичките центри и аеродромите. Генералниот директор на компанијата, Робин Ли Лорс на прес конференцијата во Пекинг изјави дека 100 – то возило само што е излезено од производната линија.

„2018-та ќе биде првата година од пуштањето на пазарот на автономните возила. Со ова индустриско производство на минибусот „Аполонг“ можеме точно да ги предвидиме големите достигнувања остварени на ова поле“, изјави Робин Ли, генерален директор на компанијата.

Возилото има 14 седишта и должина од околу една третина од нормалните автобуси. Нема волан, место за возач или педали. Проектирани се во соработка со кинескиот производител на автобусот „Кинг Лонг“, а минибусите ќе се користат набргу во туристичките центри, аеродромите и во некои градови како Пекинг, Кантон и Шенжен.

Поддржете ја нашата работа: