Запознајте го „Huawei Mate 9 Porche Design“

„Huawei“ во серијата „Mate“ го воведе новиот модел „Mate 9“ меѓутоа и ексклузивниот „Porche Design Mate 9“.

Моментално ова се најјаките паметни телефони, пред се поради нивниот одличен процесор.

Во „Mate 9“ премиерно се вградени чипови „Kirin 960“ со алгоритам за машинско учење кој би требало да овозможи брза и непрекината работа и после 18 месеци константно користење.

Овој чип претставува „ARM Cortex-A73/A53 CPU“ со осум јадра и мал „G71 GPU“ исто така со 8 јадра.

Иако на прв поглед изгледа дека телефонот е ѕвер и дека ќе ја троши батеријата за многу брзо време, сепак според производителот оваа изведба ќе троши за 15% помалку енергија и под максимално оптеретување на графичката картица и процесорот.

Телефонот во луксузната „Porsche Design“ верзија е произвед во ограничена количина и е достапен со 5.5 инчен екран и исклучиво во црна графитна боја.

Luksuzna verzija Mate 9

Неговата цена е 1395 евра (6GB + 256 GB), додека стандардниот „Mate 9“ чини 699 евра (4GB + 64GB)

 

 

Поддржете ја нашата работа: