Зошто вомбатот има измет во форма на квадрат?

СПОДЕЛИ

Американските научници ја откриваат тајната за формата на изметот кај вомбатот – животно на кое природното живеалиште му е во Австралија.

Овие симпатични животни имаат единствено својство во животинското царство кое долго време ги интригираше биолозите и зоолозите. Локалното население сепак се досетило од неговиот измет да направи оригинални сувенири. Конкретно, станува збор за хартија бидејќи оваа роднина на коалата во својот измет има доста влакна. Се чини дека туристите се воодушевени.

Што се однесува до самиот облик, квадратите се мистерија која низ годините различно се препишува на голем број карактеристики.

Исклучително бавниот метаболизам, долгиот дигестивен тракт и дебелото црево, односно долгиот процес на варење на храната трае 14 до 18 денови. Сите овие се причини кои се земени во предвид додека научниците се обидувале да ја објаснат оваа невообичаена карактеристика на изметот од вомбат.

Досега се знаело како во тој период храната целосно се разградува во дигестивниот тракт. Затоа изметот станува сув и се претвора до квадратчиња. Овој пат во истражувањето вклучени се група од научници од Технолошкиот факултет во Грузија кои се занимаваат со хидродинамика на флуиди.

Една од нив, Патриција Јанг вели:“Никогаш досега не сум видела ништо слично. Ги гледав фотографиите од изметот на вомбат, но и натаму сум скептична па одлучив сама да се уверам во постоењето на овој феномен.

“Кога со колегата Дејвид Ху ја отворивме утробата на вомбатот се чувствувавме како да отвораме подарок за Божиќ. Во испитувањето учествуваа биолози и механички инженери”, додава Јанг.

“Иако дебелото древо на вомбатот е многу еластично, последните 8% од цревата имаат поцврста конституција, што резултира со оштри рабови на самиот измет”, објаснува Јанг. Резултатите од истражувањето ги представила во Атланта на годишниот состанок на Американското друштво на физичари.

ј

Дискусија

Коментари