Запознајте го најголемиот и најмоќен авион на светот (Видео)

„Антонов-Ан 225 Мрија“ е стратешко транспортно летало, конструирано од бирото Антонов во Советскиот Сојуз во 1980-тите. Името на Ан-225 – Мрија на украински значи „Сон“.

Го движат шест турбомлазни мотори и претставува најдолгиот и најтешкиот авион што некогаш е направен, со максимална тежина при полетување од 640 тони. Исто така има најголем распон на крилата од било кој друг воздухоплов што е во употреба.

Вториот ваков авион бил делумно изграден, но неговата изградба била стопирана поради недостаток на средства и интерес.

Дизајнот, Антонов-Ан-225 првенствено наменет за транспорт на вселенскиот орбитер Буран, претставува зголемена верзија на успешниот Ан-124. Авионот е апсолутен рекордер во подигање на единечен товар со тежина од 189.980 килограми и со вкупна носивост од 253.820 килограми. Тој исто така пренесувал товар со тежина од 247.000 кг. при комерцијалните летови.

https://www.youtube.com/watch?v=lAyD16lWznc

Поддржете ја нашата работа: