Запознајте го пештерскиот лав

Пештерскиот лав (Panthera leo spelaea) или попознат како Европски или Евроазиски пештерски лав е изумрен подвид на лавот и претставник на семејството на мачки.

Бил распространет во цела Европа и Азија, вклучувајќи го Сибир и Далечниот Исток.

Panthera_leo_spelaea_in_ViennaЖивеел во поголемите пештери во степите, полупустините и речиси безводните јужни региони. Се претпоставува дека живеел од крајот на епохата Плеистоцен (370.000 г. пр.н.е.) до 1-виот век од нашата ера на териториите на денешна Македонија, Бугарија и Грција.

Големина и тежина на пештерскиот лав биле навистина импресивни – должината на телото изнесувала 4,5 метри, а тежината помеѓу 270 и 320 килограми. Овој лав бил поголем од сибирскиот тигар, смилодонот, американскиот и европскиот лав, но не и од својот најголем ривал – пештерската мечка.

leo-spelaea-and-ursus-spelaeus-738x591Се хранел со големи тревопасни животни како коњи, елени, бизони, зебри, диви свињи и сл.

Пештерскиот лав е директен претходник на современиот лав, но се разликувал по тоа што имал пократка муцка, мали уши, погусто и потемно крзно, како и по тоа што бил многу поголем.

art00066_Panthera-Leo-spelaea

Поддржете ја нашата работа: