Запознајте ja една од најубавите пештери на светот

Пештерата Шондонг во Виетнам е најголемата пештера во светот. Таа е толку голема што има сопствени временски услови.

На нејзината највисока точка би можел да се смести облакодер од 40 ката, а низ нејзиниот најширок дел би можел да пролета Боинг 747.

Пештерата ја издлабила реката која сѐ уште тече под неа. Тунелот, долг пет километри е украсен со сталагмити високи 80 метри – највисоки во светот, и со „пештерски бисери“, (сферични наслаги од калциум) со големина на бејзбол топка.

maxresdefault

VIETNAM - MAY 02: Hang Son Doong explorers navigate an algae-covered cavescape. (Photo by Carsten Peter/National Geographic/Getty Images)

Џиновски вртачи направиле отвори кон надворешниот свет, а во влажните услови во внатрешноста цветаат билки кои растат во џунглите.

586140-ba8e3fe0-151a-11e3-bfe3-15bd677d882b

До пештерата може да се дојде само пешки, од Националниот парк Панг-На-Ке Банг, кој се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско наследство.

Влезот на пештерата го открил локалниот жител Хо Канг во 1990 година кога наишол на отвор во карпа од варовник.

Листата на туристи што чекаат да ја посетат оваа туристичка атракција е толку голема што би требало да чекате околу две години пред да може да ја видите пештерата одблизу.

Виетнамската агенција „Oxalis“ е единствена која организира тури за разгледување на пештерата. Кога минатата недела беше објавено дека почнуваат резервациите за 2017 година, картите биле распродадени во рок од 20 часа.

Ова не изненадува, со оглед на тоа дека само 500 посетители годишно смеат да се спуштат во пештерата, бидејќи големи гужви би можеле да и наштетат на оваа природна драгоценост.

Поддржете ја нашата работа: