Зависност од сонце

Хроничната изложеност на ултравиолетови зраци предизвикува ослободување на ендорфин– хормон на среќата. Ендорфинот се ослободува најчесто при интензивно вежбање. Има слично дејство како хероинoот и морфиумот.

Експериментот е направен врз лабораториски глувци, но истражувачите веруваат дека наодите се релевантни и за луѓето, поради сличноста на кожата. Глувците биле изложени на УВ-зраци. За една недела, регистрирано е зголемено лачење на ендорфинот. По престанокот, глувците покажувале симптоми на одвикнување од зависност (треперење, тресење и стегање на забите). Лекувани се со ендорфин- блокатори.

Изложеноста на УВ зраци преку сончањето е главен фактор за рак и меланоми на кожата. Кумулативна штета е предвременото стареење на кожата.

Освен желбата за исончан тен и убавина, постои и друга причина поради која свесно се изложуваме на сонце. Сепак, пред официјално да биде категоризирано како зависност, треба да се продолжи со научни истражувања.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt