Според здравствените експерти, нема ништо лошо во тоа да се нема менструација, а еве и зошто.
Едно обично контрацептивно апче кое содржи естроген и прогестоген делува на тој начин што првично ја спречува овулацијата, што последователно го спречува задебелувањето на матката што би се случило доколку телото се подготвува за бебе. Меѓутоа, типичниот циклус на апчето вклучува и таблети без хормони кои се земаат во текот на 7 дена. За овој период, намалувањето на нивото на хормони предизвикува да се исфрли здебелениот слој на матката што всушност го претставува циклусот, односно крварењето. Па, не е ни чудо зошто голем дел од жените преферираат да ја прескокнат таа недела на земање на неактивни таблети, при што ќе го избегнат и циклусот.
Експертот за репродукција, Џејмс Сегарс, од Универзитетот Џон Хопкинс вели дека единствената причина поради којашто жените крварат додека ги пијат апчињата за контрацепција е поради нивниот дизајн, а не поради тоа што е неопходно. „Кога луѓето го дизајнирале апчето ги прашале жените што сакаат и тие рекле дека сакаат да имаат ментсруација како потврда дека не се бремени“.
„Доколку сакате да ја прескокнете, нема никаква медицинска причина за да не го направите тоа, освен можеби за да ви биде мирна главата. Месечниот циклус е смирувачки, но со сигурност не е неопходен“ вели Сегарс.
Да бидеме реални, менструацијата е одвратна и се случува премногу често. Од еволутивна гледна точка, повеќето цицачи немаат менструација, а ако имаат – тогаш се случува поретко, а не секој месец. Причината поради која секој месец се исфрла слојот, односно ѕидот на матката е поврзана со спротивните интереси на потенцијалното имплантирање на ембрионот, кој доаѓа заедно со плацента која ја впива крвта; и матката која се обидува да го спречи сето тоа. Овие спротивставени интереси исто така значат дека на телото му треба начин за да се ослободи од мртвите ембриони. Така, решението е одронување односно исфрлање на целиот површен ендометриум (слој на матката) по секоја овулација која не резултирала со здрава бременост. Кај некои жени, овој процес е проследен со грчеви, болки, мигрена и сл. Од сите овие причини, како и едноставно поради поголема удобност – прескокнувањето на циклусот е одлично.
Постојат сомнежи дека прескокнувањето на менструацијата ќе предизвика натрупување на матката, но тоа не е точно бидејќи хормоните го спречуваат здебелувањето на ѕидот.
Не постои медицинска причина поради која жените мораат да имаат менструација секој месец, па ако ги одберете хормоналните решенија за да го избегнете тој крвав неред, од научна песпектива, би требало да бидете добри!
– Во секој случај доколку се одлучите за вакво нешто, никако не го правете тоа на своја рака и секогаш во консултација со својот доктор. Позади текстот и истражувањата иако стојат сериозни научници и истражувања ќе се обидеме да добиеме мислења и од наши експерти на темава која се одлучивме да ја обработиме и споделиме бидејќи може истото да почнува да станува тренд и кај нас па сметаме дека на време треба да се почне со стручна дискусија базирана на искуства и факти.