Живот под мраз

Не така одамна, научниците на  Арктикот претпоставуваа дека фитопланктонот цути  само во отворени води поради тоа што на алгите им е потребна светлина. Пред неколку години, сепак, меѓу Алјаска и Сибир пронајдоа масивно цутење на  фитопланктонот под мраз – со биомаса, која на некои места е 4 пати поголема од онаа на отворени води.

Минатата година со новото подводно возило „Нереид“, научниците конечно имаа прилика да видат одблизу што се случува под мразот и открија најразлични просперитетни животински заедници.

Разбирањето на екологијата на оваа тесна зона под мразот може да  содржи индиции за иднината на арктичките морските цицачи и риби, а  исто така и на големите предатори, како поларните мечки, кои се хранат со нив.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt