Еден мистериозен и екстремен случај на Зика во САД покажа дека се’ уште имаме многу да учиме за овој вирус, сугерирајќи дека вирусот може е во состојба да се шири преку физички контакт.
Претходно оваа година, здравствените власти на Јута се збунија кога еден пациент се зарази со Зика – но не преку еден од вообичаените начини за кои е познато дека вирусот се пренесува.
Претходно, научниците сметаа дека Зика може да се пренесе само од убодите од инфицираните комарци „Aedes aegypti“, преку сперма или да се пренесе од бремена жена на нејзиниот фетус.
Но, според едно ново истражување предводено до научници од Универзитетот во Јута, кои го испитувале последниот случај, заклучиле дека вирусот Зика – барем во овој конкретен случај – се чини дека се пренел само преку физички контакт.
И не само тоа, вирусот може да е посмртосен отколку што мислевме, бидејќи иако пациентот во овој случај бил постар, тој бил здрав кога се заразил со вирусот и починал многу брзо од пристигнувањето во болница.
Познато е да има смртни случаи од Зика кај возрасни луѓе и претходно, но во многу ретки случаи и обично кога луѓето имаат компромитиран имунолошки систем, што не било во прашање во овој случај.
„Овој редок случај ни помага да го разбереме целокупниот спектар на болеста, како и мерките на претпазливост кои можеби ќе треба да ги преземеме за да се избегне пренесувањето од едно на друго лице во одредени ситуации. Овој вид на информации можат да ни помогнат да ги подобриме третманите за Зика како што вирусот продолжува да се шири во светот и во нашата земја“ – изјавува спрецијалистот за заразни болести Санкар Сваминатан.
Околностите на овој случај започнале кога еден постар пациент, 73-годишниот жител на Солт Лејк Сити, го посетил Мексико во мај минатата година. За време на посетата, тој бил каснат од комарци, кое е најверојатното објаснување за тоа како тој се заразил со Зика.
По враќањето од неговата посета, тој се пријавил во болница поради воспаление, солзливи очи, и брзо отчукување на срцето.
Со влошувањето на неговата состојба, 38-годишниот син на човекот го посетил во болницата и помагал при неговото сместување во кревет и бришење на солзите.
Таткото подоцна починал, и тестовите по неговата смрт покажале дека тој имал Зика. Но, само по една недела од неговата смрт, Сваминатан забележал дека и неговиот син имал солзливи очи- што е чест симптом за Зика, и тестовите потврдиле дека и тој се заразил со вирусот.
Тоа што ги збунило научниците е што, за разлика од таткото, синот не патувал во ниедна земја инфицирана од Зика, ниту пак имал сексуални односи со заразена личност, или личност која патувала во заразени области. А и во Јута нема комарци „ Aedes aegypti“.
Па како тој се заразил со Зика? Во овие околности научниците заклучиле дека заразни нивоа на вирусот може да се присутни во потта (на таткото)или солзите, со кои синот бил во контакт без ракавици.
Додека нема преседан за оваа хипотеза на ширење на вирусот, можно е и вирусот да се шири поради една друга конфузна аномалија во овој случај – извонредно висока концентрација на вирусот во крвта на таткото, 200 милиони честички на милилитар, што било 100.000 пати повисока од тоа што е пријавено во другите случаи со Зика.
Синот потоа закрепнал од овој релативно благ случај на Зика, па добрата вест е тоа што оваа чудна епизода би можела да ни каже повеќе за тоа како всушност функционира вирусот Зика.
„Можеби веќе никогаш нема да видиме случај како што е овој, но она што овој случај ни го покажа е дека се’ уште имаме многу да учиме за Зика“ – додава Сваминатан.