Знаете ли како изгледа звукот?

Новозеландскиот музичар Најџел Стенфорд демонстрираше на кој начин сзучните бранови делуваат на движењето на различни видови материи со оригиналниот видео-спот.

Стенфорд и режисерот Шахир Дауд примениле различни примери на акустика, наука која го проучува влијанието на звучните бранови врз материјата.

Тој на плочи кои вибрираат под дејство на звукот нанесол различни видови на честички и употребил четири фреквенции (657Hz, 1565Hz, 932Hz, 3592Hz) со цел да предизвика осцилации. Цела неопходна опрема ја поврзал со тапани, клавијатури и звучници, а резултатот е целосно оригинален видео-спот кој претставува неверојатен спој на уметноста и науката.

 

Поддржете ја нашата работа: