Зошто атмосферата на Сонцето е пожешка од самото Сонце?

Температурата на Сонцето, која достигнува до 15 милиони степени Целзиусови во неговото јадро, постепено се намалува одалечувајќи се од јадрото и достигнувајќи 6 илјади степени на површината.

Логично, би требало да продолжи да се намалува во атмосферата, но наместо тоа, таа се зголемува на 10 илјади степени во хромосферата и надминува илјада степени во короната. Каков извор на енергија може да ја загрее атмосферата на Сонцето и да ја одржи на толку голема температура?

Како може температурата на атмосферата на Сонцето да изнесува 1 милион степени Целзиусови, а неговата површина само околу 6 илјади степени? Ова прашање со векови ги збунувало астрофизичарите.

Сега, научниците од Центарот за физика и Лабораторијата за астрофизика на Универзитетот Париз Дидерот во Франција, преку симулирање на еволуцијата на дел од внатрешноста и надворешноста на Сонцето, ги идентификуваа механизмите кои обезбедуваат доволно енергија за да се загрее сончевата атмосфера.

Еден слој под површината на Сонцето има својство на „тавче со врела вода“ (во случајов плазма) и научниците сметаат дека генерира мало магнетно поле како резервна енергија која откако ќе излезе од ѕвездата, ги загрева последователните слоеви на атмосферата преку мрежа на магнетни гранки и корења (линиите на магнетното поле се структурирани како гранки и корења). Ова загревање на атмосферата придонесува за генерирање на соларниот ветер кој ја исполнува хелиосферата и најверојатно се случува и кај многу други ѕвезди.

Истражувањето е објавено во „Nature“.

Поддржете ја нашата работа: