Кремите за заштита од сонце нудат одреден степен на заштита против штетното УВ зрачење и не само што го намалуваат ризикот од рак на кожата, туку и не спречуваат од добивање на непријатни изгореници.
Но, како и зошто нашата кожа реагира на сончевите зраци? Всушност, не не гори сонцето, туку нашите клетки. Целиот процес е одбранбен механизам.
УВ зрачењето може да предизвика оштетување на клетките, односно нашата ДНК во клетките да мутира, како што е случајот со ракот, па телото развило серија на одбранбени механизми за да се заштити. Овие одбранбени механизми предизвикуваат смрт на клетките кои пак ги предизвикуваат тие непријатни црвени и топли изгореници, за подоцна да се отстранат, односно да се излупи кожата.
Всушност, се работи за самопожртвуваност – клетките се уништуваат за да не предизвикаат рак, а како резултат на тоа се потикнува имунолошки одговор и се јавуваат изгореници. Погледнете го видеото.