Зошто Месечината се оддалечува од Земјата?

Месечината се оддалечува од Земјата. Сега е околу 18 пати подалеку од нас, отколку кога била формирана пред 4,5 милијарди години.

Без Месечината, планетата Земја би била непрепознатлива. Морињата едвај би имале плима, деновите би имале различна должина, зимите би биле постудени, летата потопли, животните би изумреле поради екстремните услови, а најверојатно и луѓето, бидејќи некои научници сметаат дека Месечината има клучно значење за почетокот на животот.

Зошто се оддалечува?
Месечината, всушност се движи поради Земјата. Триењето на површината на Земјата и огромната маса на вода на неа, предизвикува Земјата со текот на времето да се врти побавно. За секоја акција има спротивна реакција – така гласи третиот Њутнов закон. Како што Земјата се успорува, така Месечината се забрзува. А кога нешто во орбитата се забрзува, со текот на времето се исфрла надвор.

Колку брзо се оддалечува?
Месечината се оддалечува со брзина од 3,78 см годишно. За споредба, тоа е приближно исто со брзината на растење на ноктите.

Како знаеме дека се оддалечува?
Можеме да го измериме растојанието до Месечината со зачудувачко ниво на точност и тоа благодарение на слетувањата на Аполо на Месечината. Астронаутите спровеле низа експерименти и за време на три мисии, оставиле ретро-рефлектирачки единици, заедно со мали огледалца. Оттогаш, научниците со помош на ласер можат да измерат колку точно е оддалечена.

Треба ли да бидеме загрижени?
Не! Во текот на еден живот, промените се премногу мали за да се забележат. Месечината никогаш нема целосно да избега од Земјата. Доколу Земјата продолжи да се успорува, на крајот ќе движи со истата стапка на орбитирање на Месечината. Во таа точка, Земјата и Месечината би се наоѓале во состојба на рамнотежа (еквилибриум), но пред тоа да се случи, Сонцето ќе се прошири и ќе стане „црвен џин“ кој ќе ги проголта и двете во процесот. Има време, околу 5 милијарди години.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt