Зошто НАСА го прати „Juno“ на Јупитер?

Веќе неколку години вселенското летало со големина на тениско игралиште се движеше кон Јупитер со брзина од 30км/сек. Во последните неколку дена, неговата брзина двојно се зголеми откако ја почувствува гравитационата сила на Јупитер, за на крај вселенското летало да ја промени својата насока и да влезе во орбитата на Јупитер

Леталото, наречено „Juno“, или во превод Јунона, ќе го повторува своето движење повеќе пати во текот на 18 месеци и неговата необична искривена орбита ќе му овозможи да го анализира секој дел од планетата.

Зошто НАСА се впушта во ваква неволја?

Бидејќи Јупитер претставува посебна топка од гас. Јупитер не е само најстарата планета, туку е и најголемата планета во нашиот Сончев систем.

Огромната маса на Јупитер, која е 300 пати поголема од онаа на Земјата, му дава таква силна гравитација со која ги задржува сите материјали кои ги содржи, а воедно и ги привлекува другите материјали од вселената.

Во неговиот состав најмногу се содржат водород и хелиум, што му даваат голема важност поради големата сличност со составот на Сонцето.

Разбирајќи го она што го прави Јупитер посебен ќе ни овозможи подобро да го запознаеме Сончевиот систем, што е примарна задача на мисијата на леталото Јунона.

Но, Јупитер не е лесна планета за проучување. Неговата внатрешност ја кријат масивни облаци од смртоносни гасови, а воедно е опкружен и со најголема радиоактивност меѓу сите планети во Сончевиот систем, па затоа да се однесе Јунона на вистинското место во вистинското време, за да може да ја разгледа внатрешноста на Јупитер без притоа да доживее катастрофа, не е нималку лесна и едноставна задача.

Што знаеме за Јупитер?

greatredspotТелескопите, од времето на Галилео па се до Хабл, ни даваат добра слика за бурните појаси од облаци кои се наоѓаат на површината на Јупитер. Ние знаеме дека надворешните облаци се составени од амонијак и водород сулфид и дека Големата Црвена Дамка претставува бура која е двапати поголема од дијаметарот на Земјата којашто беснее повеќе од сто години наназад. Исто така знаеме дека магнетното поле на Јупитер е 20.000 пати помоќно од она на Земјата. Полето содржи наелектризирани честички: електорни и јони, кои го генерираат жестокиот радијациски појас околу Јупитер и доведуваат до огромни аурори на неговите полови.

Она што не го знаеме, а Јунона треба да го открие, е тоа што се крие под овие надворешни облаци кои ги има на оваа планета. Доколку се дознае внатрешниот состав на Јупитер, ќе се докажат или побијат некои теории за планетарната и сончевата еволуција, што доведува и до појасно разбирање за нивното формирање.

Јунона нема да навлезе во атмосферата на Јупитер туку ќе орбитира околу планетата 37 пати, приближувајќи се на растојание од околу 4.700 км. Овие приближувања се темпирани со цел Јунона да се доближи до секој дел од планетата по еднаш.

7556808-3x2-940x627Јунона исто така има задача да направи неверојатни фотографии со помош на камерата која исто така ќе има задача и да ја сними и измери јачината на магнетното поле, радијацијтаа како и други параметри битни за составот на планетата и нејзината атмосфера.

Кои прашања треба Јунона да ги одговори?

jupiter-1-625x350-Какво е времето под бурниот појас од облаци? И колку вода има таму?

Со анализирање на микробрановите, Јунона ќе го измери хемискиот состав и движењето на слоевите до 550км под највисокиот слој облаци, вклучувајќи ја и количината на водата која се содржи во атмосферата на Јупитер. Ова е клучно за да може да се докаже која теорија за формирањето на Јупитер е вистинска.

-Дали има цврсто јадро во срцето на Јупитер?

Ако Јупитер има цврсто  јадро тогаш ќе има и малку поинакво гравитационо поле, кое ќе има мал, но мерлив ефект врз орбитата на Јунона. Било какви варијации во орбитата ќе бидат детектирани преку Доплеровиот ефект – промена на радио сигналите кои константно ќе бидат испраќани до Јунона и ќе бидат проследени назад на Земјата. Со овие потадоци ќе се утврди дали Јупитер има нормално јадро.

-Како се создава магнетното поле на Јупитер?

Јунона поседува магнетометар кој ќе создаде неверојатно детална 3Д мапа на магнетното поле на Јупитер и ќе бара мали но долгорочни варијации во полето преку кои ќе може да се забележи каде и како се создава магнетното поле.

-Дали аурорите на Јупитер се исти како оние на Земјата?

Спектакуларните аурори можат да се протегаат десетици илјади километри околу половите на Јупитер создавајќи го најголемото „лајт шоу“  во Сончевиот систем. Сензорите ќе ги идентификуваат електроните како и типот на позитивните јони кои произведуваат обоени аурори додека патуваат по спиралите на магнетното поле на половите. Ултравиолетовите фотографии кои ќе се снимат од позиција над половите дополнително ќе ја разјаснат дилемата.

Поддржете ја нашата работа: