Зошто некои луѓе имаат пеги?

Иако кај многу луѓе може да се забележат пеги на носот и образите, сепак сѐ уште не може со точност да се каже што е причината за оваа појава.

Како што се објаснува во последната епизода на „SciShow“, пегите претставуват мали точки на кожата кои содржат големо количество на меланин – протеин кој ја дава пигментацијата на кожата, очите и косата. Меланинот се продуцира од специјализирани клетки наречени меланоцити под дејство на сончевата светлина што доведува до потемнување на кожата и создавање на заштитен слој кој делумно штити од штетните УВ зраци.

Кај луѓето кои немаат пеги, меланинот се продуцира подеднакво низ целата кожа. Но, кај  некои луѓе меланинот се продуцира во вид на мали купчиња, кои кога ќе се изложат на сонце стануваат потемни, а кога има помалку сонце за време на зимскиот период стануваат посветли. Тоа е причината зошто кај бебињата не се забележуваат пеги – тие може да постојат, но потребно е да бидат изложени на сонце за да станат видливи.

Луѓето што имаат пеги не значи дека подуцираат повеќе меланин од другите, туку дека тој е нермномерно распореден. И покрај тоа што е познато како се формираат пегите, научниците не се потполно сигурни зошто некои луѓе имаат нерамномерна распределба на меланинот во кожата. Но како што се објасува во видеото, причината делумно се наоѓа во генот наречен „MC1R“, кој им дава „инструкции“ на одредени клетки да создаваат  протеин кој е вклучен во продукцијата на меланинот.

Во основа, овој ген одлучува која количина од два пигмента ќе ја имате во вашата кожа, коса и очи – темно кафеав (или еумеланин)  или црвеникаво жолт (или феомеланин).

Како што објаснува Сара Емерсон за „Motherboard“, ако вашиот „MC1R“ –ген функционира како што треба, вашето тело ќе продуцира повеќе еумеланин, што ќе резултира со потемна кожа и коса. Но, ако не функционира како што треба, ќе продуцирате повеќе феомеланин, поради што веројатно ќе имате посветла кожа, црвена или руса коса и пеги. Ова изгледа едноставно, но се разбира дека не е, па затоа има црвенокоси луѓе без пеги, но и луѓе со темна коса кои имаат пеги.

За повеќе детали, погледнете го видеото.

Поддржете ја нашата работа: