Се работи за ајкулите од родот „Etmopterus“, (фамилија „Etmopteridae“) кои се познати и како ајкули-фенери (lantern sharks) поради тоа што светат во темница. Тоа се должи на мистериозните флуоросцентни точки, наречени фотофори кои се наоѓаат од двете страни на телото.
Истражувачите долго време се обидувале да разберат зошто служат фотофорите, бидејќи ниту го намамуваат пленот, ниту ги предупредуваат предаторите да се држат понастрана, и со сигурност не се од голема помош за камуфлажа.
Според новото истражување, тие служат за пронаоѓање на партнер. Не е лесно да се пронајде партнер во темница, па светкавите фотофори ја олеснуваат комуникацијата во рамките на истиот вид – кај мажјаците и женките светат различни делови од телото, па научниците сметаат дека тоа им помага да го лоцираат партнерот.
Без оглед на причината, сепак се работи за успешна еволутивна приказна бидејќи сега сите видови (околу 40) од овие ајкули се способни да светат во темница.
Истражувањето е објавено во „Royal Society Open Science“.