Правењето грешки е нормален дел од животот, но зошто повеќето од нас ги повторуваат истите грешки и покрај тоа што уште од рана возраст не советуваат дака се учиме на грешките?
Во видеото подолу, Олга Хазан од „The Atlantic“ истражува што вели науката за ваквите повторувачки грешки.
Во совршени услови, грешките би ни послужиле како начин да се подобриме и надградуваме, што пак би довело до тоа никогаш да не ја повториме истата грешка. Арно ама, сите знаеме дека реалноста не е совршена.
Замислете дека сакате да заштедите пари за да си купите нешто поголемо (автомобил на пример), но наместо тоа вие продолжувате често да трошите пари на јадење во ресторан, иако ви е јасно дека тие пари би ги заштедиле ако готвите дома, па почнувате навистина да чувствувате вина околу тоа.
Додека ваквите секојдневни грешки обично се само вознемирувачки, грешките кои се повторуваат понекогаш имаат голема тежина. Според Хазан, повторувачките медицински грешки се трета водечка причина за смрт во САД, а повторувачките мали грешки се причина број еден за тужби за небрежност.
Тогаш, ако знаеме дека грешиме, зошто не правиме ништо за да ги избегнеме грешките?
Накратко, науката ни покажува дека ние всушност воопшто не учиме од нашите грешки. Наместо тоа, навраќањето кон грешките не прави многу тажни и вознемирени што практично не води кон уште повеќе грешки во иднина.
Како што се објаснува во видеото, кога ќе се соочиме со грешките, нашиот мозок се успорува и се обидува да открие зошто сме згрешиле, што доведува до тоа да размислуваме за грешката, наместо за решението.
Потоа ова погрешно однесување се кодира во нашата психа, па така наместо да ги оставиме минатите грешки во минатото и да се фокусираме на решението, ние завршуваме со една чудна ментална збунетост која не држи на истиот пат склон кон грешки.
Или со други зборови, наместо да се секираме што често сме јаделе во рестран, треба повеќе да мислиме на тоа да готвиме дома.
Дознајте повеќе од видето за тоа како когнитивните системи делуваат против нас – дури и кога имаме најдобри намери, и употребете го тоа за да го „натерате“ мозокот никогаш повеќе да не ја повтори истата грешка.