Зошто се плашиме од темница?

Сите ние како деца сме поминале низ фазата кога сме се плашеле од темница. Некои од нас уште се плашат. Без да знаеме зошто, има нешто во темнината што едноставно не „вади од памет“.

Верувале или не, стравот од темнината е еволутивна особина која сме ја добиле за да преживееме од предаторите во вистинскиот живот кои демнеле доцна во ноќта.

Научниците сугерираат дека овој вроден страв потекнува од точка во историјата кога не сме биле ни приближно такви предатори какви што сме сега. Луѓето станале супер предатори само благодарение на доаѓањето на технологијата, а тоа и не беше така одамна.

Пред постоењето на технологијата, нашите предци биле постојано изложени на ризикот од предатори, особено навечер поради релативно слабиот вид. Тоа значи дека било од особено значење да останат безбедни за време на ноќта, па со текот на годините, тој страв од темнината станал инстинктивен и денес се’ уште го искусуваме како форма на блага вознемиреност.

Според едно истражување од 2012 година, оваа вознемиреност не претставува бурна панична реакција, туку некој вид на постојан страв кој не држи претпазливи, што всушност претставува начин на кој нашето тело реагира во случај да мора да се соочиме или да избегаме од некоја опасност.

Стравот од темнината е всушност страв од непознатото. Не можеме да видиме што има пред нас и нашата имагинација ги замислува најлошите можни работи. За нашите предци тоа биле лавовите и другите предатори, а за нас денес тоа се чудовиштата.

Во денешниов свет кога не сме изложени на ризикот од предатори, чудовиштата ги заменуваат. Одличен пример за ова се хорор филмовите. Добрите хорор филмови никогаш директно не ги откриваат чудовиштата, бидејќи имагинацијата на луѓето ќе ги направи уште пострашни.

Сепак, мора да признаеме дека сето ова е малку чудно, со оглед на тоа што денес овој страв од темнината не ни е потребен за да преживееме, со оглед на тоа што имаме разни видови на осветлување, па темнината претставува повеже избор отколку неизбежност. Но сепак, се’ уште постои меѓу нас и тоа не не прави кукавици. Напротив, тоа го прави нашето тело свесно за потенцијалните закани, а со тоа и спремно за да преживее.

Поддржете ја нашата работа: