Зошто планетите на Сончевиот систем лежат во иста рамнина?

За да одговориме на ова прашање, мора да патуваме до самиот почеток на создавањето на Сончевиот систем, пред 4,5 милијарди години.

Ако некогаш сте погледнале модел на Сончевиот систем, сигурно сте забележале дека сонцето, планетите, месечините и астероидите лежат на приближно иста рамнина.

Зошто е тоа така?

За да одговориме на ова прашање, мора да патуваме до самиот почеток на создавањето на Сончевиот систем, пред 4,5 милијарди години.

Тоа е времето кога Сончевиот систем бил огромен облак од прашина и гас што постојано се врти, вели Нејдар Хагигипур, астроном од Универзитетот на Хаваи. Тој масивен облак имал 12.000 астрономски единици во ширина (1 АЕ е еднаква на просечното растојание помеѓу Земјата и Сонцето, или околу 150 милиони километри).

Облакот станал толку голем што, иако бил исполнет само со молекули на прашина и гас, почнал да се распаѓа и да се намалува под сопствената маса, додава Хагигипур.

Како што почнал да се распаѓа, во еден момент се сплеснал.

„Замислете пица мајстор да фрла тесто во воздух. Како што се врти, тестото се шири, но станува потенко и рамно. Токму тоа се случило со младиот сончев систем“, вели научникот.

Во меѓувреме, во центарот на овој сѐ повеќе срамнет облак, сите молекули на гас се намалле толку многу што се почнале да се загреваат. Во таа топлина и под притисок, атомите на водородот и хелиумот се споиле и предизвикале нуклеарна реакција која траела милијарда години и формирала една бебе -sвезда: Сонцето. Во текот на следните 50 милиони години, Сонцето продолжило да се загрева, собирајќи гас и прашина од околината и емитувајќи бранови на голема топлина и зрачење.

„Со појавувањето на Сонцето, облакот продолжил да се распаѓа, формирајќи диск околу sвездата што станувал сѐ порамен и поширок“, вели Хагигипур.

На крајот, облакот станал рамна структура наречена протопланетарен диск, која орбитира околу млада sвезда.

Десетици милиони години потоа, честичките прашина во протопланетарниот диск започнале да се врата, повремено удирајќи се едни со други. Некои дури и се задржале заедно. Во текот на неколку милиони години, тие честички станувале сѐ покрупни. Продолжиле да се судираат и да се држат заедно.

На крајот, поголемиот дел од материјалот на протопланетарниот диск се залепил и заедно формирал огромни објекти. Некои од нив станале толку големи што гравитацијата ги обликувала во сферични планети, џуџести планети и месечини. Други објекти добија неправилна форма, како што се астероиди, комети и некои мали месечини.

И покрај различните големини на овие тела, тие останале помалку или повеќе во иста рамнина. Затоа и денес осумте планети на Сончевиот систем и другите небесни тела орбитираат во приближно иста рамнина.

Поддржете ја нашата работа: