Научници пронашле фосил од мува стар 47 милиони години

Меѓународен тим на научници од Универзитетот во Австрија, пронашле фосилни остатоци од досега непознат вид мува, за која се проценува дека е стара околу 47 милиони години. Мувата е пронајдена во јамата Messel во Германија која е под заштита на УНЕСКО.

Во желудникот на мувата, пронајден е полен од разни видови билки, со што научниците добиле представа за начинот на исхраната, екологијата и улогата на мувите како опрашувачи. Исто така, научниците оваа мува ја идентификувале како представник на видот Hirmoneura messelense, пишува Interesting Engineering.

Денес, карактеристични опрашувачи се пчелите, пеперутките и бумбарите, а помалку е познато дека и мувите играле голема улога во процесот на опрашување.

„Содржината на полен што ја најдовме во стомакот на мувата сугерира дека мувите се хранеле со полен пред 47 милиони години и играле важна улога во ширењето на поленот од неколку растителни таксони“, вели Фриџер Гримсон од Одделот за ботаника и биодиверзитет на Универзитетот во Виена.

Исто така, Гримсон вели дека во старите суптропски и тропски екосистеми, мувите најверојатно биле позначајни опрашувачи од пчелите.

Во желудникот на мувата претежно имало полен од водена врба, која расте во мочуришта и крајбрежија на езера, и ползавец на девствен бршлен што се наоѓа на дрвјата.

Се претпоставува дека мувата не барала полен на подалечни места, туку само барала полен од растенија кои се наоѓаат во најблиската околина.

Студијата е објавена во научното списание Current Biology.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt