Се нарекува „проклето место“, а легендата вели дека е напуштено поради љубов

By Archan dave - Own work, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=19155165

Основано во 13 век во северна Индија, поточно во Раџастан, селото Кулдахар некогаш било просперитетно место. Сепак,  било напуштено во 19 век, а до ден денес никој не се сеќава на точната причина. Иако, некои тврдат дека месото е проколнато затоа што го проколнале неговите жители кои морале да побегнат од него поради суров владетел Рајпут.

Со правоаголна форма и димензии од 861 m x 261 m, централниот дел на населбата го претставувал храмот на божицата мајка околу кој биле уредени улиците и околу 410 објекти, од кои повеќето биле станбени. Во нив живееле брамини, познати по нивните земјоделски вештини и вештини за наводнување.

Токму тоа било тајната на нивниот успех, бидејќи пустата земја на која живеела ја претвориле во бујна оаза. Вредните земјоделци имале богати приноси, а со тоа и економијата на нивната заедница била стабилна. Селото процветало, а потоа во областа дошол владетел на Рајпут. Локалните легенди велат дека тој бил толку опседнат со ќерката на селскиот началник што луѓето решиле да побегнат со неа преку ноќ.

Но, пред да го напуштат Кулдахар засекогаш и да го остават на милост и немилост на немилосрдното распаѓање, тие решиле да му стават проклетство. Оттогаш, наводно никој не стапнал во него. Меѓутоа, во модерните времиња, многу авантуристи го посетиле местото, а некои тврдат дека меѓу урнатините често може да се слушнат необјаснети звуци.

Друга легенда вели дека сепак тоа не била љубов, туку дека Рајпут наметнал толку високи даноци што населението едноставно немало никаква корист да престојува на ова место.

Истражувајќи ги климатските, географските и историските факти, историчарите дошле до заклучок дека причината – или неколку причини – за напуштањето на Кулдахар била нешто друго. До 1850 година, речиси сите бунари во него пресушиле, згора на тоа, единствената вода што ја имале било езерце во суво речно корито.

Тоа донело повеќе неволји. Водоснабдувањето директно влијаело на земјоделството, а со тоа и на економијата на локалните жители. Немало плодни обработливи површини и  ресурси за експлоатација. Од друга страна, студија од 2017 година објавена во Current Science покажа дека Кулдахар, заедно со другите околни села, бил уништен во серија разорни земјотреси во 19 век.

Заклучокот е дека веројатно комбинација од сите овие фактори, вклучително и превисоките даноци, резултирале со напуштање на селото, кое на почетокот на 21 век редовно го посетуваат бројни туристи и љубители на мистеријата.

 

Поддржете ја нашата работа: