Некои делови од телото се апсолутно неопходни, како што се срцето, мозокот, белите дробови, бубрезите, желудникот итн. но исто така имаме и делови кои се прилично бескорисни.
Издвојуваме некои делови од човечкото тело кои имаат многу мала или немаат никаква цел.
1. „Plica semilunaris“ или трет очен капак
Фрагменти од третиот очен капак познат како „plica semilunaris“ може да се најдат во близина на солзниот канал. Иако не е потребен за живот или за гледање, овој орган служи за да обезбедува дренажа на солзите за време на движењето на очите, како и за да ги трга остатоците и нечистотиите подалеку од окото.
2. Дарвинова испакнатина
Дарвиновата испакнатина е мал набор на кожата кој се формира на горниот дел на увото. Нејзиното потекло е нејасно, но истражувањата покажуваат дека можеби служела како зглоб кој му овозможувал на увото да се врти или превиткува надолу.
3. Влакна на телото
Влакната на главата може да ја изолираат топлината, веѓите ја задржуваат потта подалеку од очите, брадата кај мажите може да игра улога во сексуалната привлечност, но зошто ни се потребни влакната на телото?
4. Јакобсонов орган
Вомероназалниот орган или Јакобсоновиот орган е дел од миризливиот систем кај водоземците, влекачите и цицачите. Опишан како хеморецептор, овој нефункционирачки специјализиран сензорен систем во носот се користи за откривање на хемикалии, во сличајот на лушето – феромони
5. Умници
Освен тоа што нивното отстранување е многу болно, тоа што може да ги искриват другите заби и ја попречуваат денталната хигиена, овие заби немаат никаква функција. Околу 35% од населението воопшто не го развива овој трет и последен сет на катници.
6. Ушни мускули
Надворешното уво го опкружуваат предни, задни и горни мускули кои некои животни ги користат за да го свртат увото во правецот од кој доаѓа звукот. Кај човекот, овие мускули немаат никаква функција, освен ако не ви е смешно тоа кога некои луѓе мрдаат со ушите.
7. Кокцигеум или опашка
На самиот крај на ‘рбетниот столб, опашката се состои од три до пет пршлени под крстот, кои се или одвоени или споени заедно. Ова претставува остаток од нашите далечни предци.
8. „Erector Pili“
Ова се мали мускули кои со помош на мали мускулни влакна се прикачени на фолекулите на косата. Кога овие мускули се контрахираат предизвикуваат нашите влакна да се подигнат на крајот, што го нарекуваме ежење.
9. Слепо црево
Слепото црево се наоѓа помеѓу тенкото и дебелото црево и нема никаква улого во варењето на храната. Експертите велат дека можеби имало некаква улога кога исхраната на човекот се состоела претежно од растенија. Сега само се воспалува и се инфицира пред конечно да пукне кога некој ќе развие воспаление на слепото црево.
10. Брадавици кај мажите
Зошто мажите воопшто имаат брадавици? Бидејќи секој човечки фетус развива брадавици уште пред да се одреди родот.