10 работи кои не сте ги знаеле за нуклеарните несреќи

1.Најлошата нуклеарна несреќа во историјата, Чернобилската несреќа во Украина во 1986 година, тогаш дел од Советскиот Сојуз, остави радиоактивно загадување на површина од 15 000 квадратни милји, односно 38 850 квадратни километри, кое ќе трае 300 години.

2.Кратко време по несреќата, игличките од боровите дрва, кои се наоѓале на површина околу 4 000 кватратни километри околу централата, станале црвени. Дрвјата кои сега растат таму се изобличени грмушки без централни стебла.

3.Научниците кои ги проучувале ластовичките во близина на Чернобил, од 1991 до 2006 година откриле 11 видови на абнормалности, вклучувајќи и деформирани клунови и пердуви. Исто така откриле дека мозоците на 48 видови на птици околу Чернобил биле 5% помали од просечните, како резултат на оксидативен стрес предизвикан од радијацијата.

4.Научниците по топењето на нуклеарните реактори во нуклеарната централа Фукушима во Јапонија, во 2011 година, измериле повисоко и помалку променливо средно ниво на радијација, во споредба со мерењата по Чернобилската несреќа.

5.Шест месеци по несреќата во Фукушима, 28% од пеперутките од видот „Pseudozizeeria maha“Pseudozizeeria maha“ во близина имале деформитети, како на пр. променети шари на крилјата или деформитети на антените и нозете. Првото истражување на изложеноста на радијацијата на дивите примати во 2012 година, покажало дека мајмуните во близина на Фукушима имале значително помал број на бели и црвени крвни зрнца, во споредба со другите мајмуни во Јапонија.

6.Нуклеарните несреќи, сепак, не се штетни за сите видови. Една габа содржи меланин, кој всушност и помага да ги претвори Гама зраците во енергија. Пајаците во областа на Фукушима, се чини дека исто така имале корист од несреќата. Нивниот број се зголемил, најверојатно поради тоа што радијацијата го успорила нивниот плен, па пајаците можеле полесно да го уловат.

7.По Чернобил, иако шведската влада дозволила конзумирање на месо од елени (кое имало стапка на озрачување 5 пати поголема од дозволената), 29% од месото се сметало за контаминирано и било уништено.

8.И Украинците биле загрижени за радиоактивното месо по Чернобил и убиле 15 000 крави, само неколку дена по несреќата.

9.Куба добивала 60% од својата храна од Советскиот Сојуз. Некои сметаат дека радијацијата од Чернобилската несреќа драстично го променила соодносот помеѓу машки и женски новороденчиња во Куба, бидејќи по стабилниот наталитет со децении, бројот на машки новороденчиња ненадејно се зголемил, достигнувајќи го најголемиот број во 1996 година, со сооднос од 118 момчиња на секои 100 девојчиња.

10.Поради страв од контаминација, Обединетото Кралство ги испитувало овците кои пасат на планините се до 2012 година.

 

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: