Последните читања на радиоактивноста во уништената нуклеарна централа во Фукушима покажа рекордно високо ниво на радиоактивност што не е забележана после катастрофата која се случи пред шест години.
Пред шест години светот трепереше од веста која стигна од Јапонија. Имено, цунами ја оштети нуклеарната електрана во Фукушима, а времето покажа дека се работи за најголема катастрофа после онаа во Чернобил, но и дека клучна улога ја имале човечките пропусти и грешки.
Во реакторот број 2, пред неколку дена се измерени 530 сиверти на час, количина која експертите ја опишуваат како незамислива. Компанијата Tokyo Electric Power Co. Holdings Inc. мерењето го спровела во простор кој содржи јадро на реакторот и тоа во текот на планираното демонтирање на централата, пишува Gizmodo.
Радиоактивноста од 530 сиверти на час е највисока досега и го надминува досегашниот рекорд од 73 сиверти на час, забележан во март 2011 година. З колку значително ниво на радиоактивност говори фактот дека човекот, за само неколку недели ќе го убие количина од само 10 сиверти.
Експертите признаваат дека не се сигурни зошто нивото на радиоактивност е толку високо и сеуште расте. Велат дека постојат две опции – или досегашните мерења биле неточни, или условите во внатрешноста на фабриката драстично и необјасниво се менуваат.
Моментално радиоактивноста е толку висока, што дури и роботите кои се однесени во внатрешноста на фабриката неможат да издржат повеќе од два часа.