Медицинските експерименти спроведувани врз животни и луѓе овозможиле голем напредок во лекувањето на болестите, како и спасување и подобрување на животите на луѓето. Меѓутоа, не секогаш овие експерименти биле етички.
Во 20-тиот век биле спроведени едни од најрасистичките ( и најпознатите) експерименти, кои никако не би можеле да се случат денеска.
Во видеото „10-те најрасистички медицински експерименти“, се објаснува дека иако медицинските студии треба да се спроведуваат за доброто на човештвото, луѓе од ранливите категории, како затвореници или припадници на расните малцинства, биле принудувани да служат како заморчиња.
Вадата на САД негира дека, почнувајќи од 1930 година па до средината на 1970-тите, 400 мажи Афроамериканци на кои им била дијагностицирана смртоносната болест сифилис, биле дел од расистичкиот медицински експеримент познат како „експериментот за сифилис од Таскиги “. Ова е еден од најдолготрајните и свесно неетички медицински експерименти во поновата историја на Америка.
Во истражувањето биле набљудувани сиромашни и неедуцирани мажи Афроамериканци, заболени од сифилис, со цел да се види дали болеста на нив влијае различно отколку на белите мажи. На мажите не им било кажано каква е болеста од која боледуваат и добивале плацебо како терапија, иако пеницилинот почнал да се употребува како стандарден лек за болеста од 1947 година. Експериментот бил прекинат откако бил откриен од новинарите, но дотогаш само 74 пациенти останале живи.
Во меѓувреме, во американската колонија Порторико, на обоените жени била тестирана ефкасноста на контрацепцијата, особено на пилулата. Во 1955 година оралните контрацептиви не можело да бидат пуштени на пазарот додека истражувачите не спроведат обемни тестирање на луѓе за да се докаже дека се безбедни. На овие жени не им било кажано дека се работи за експеримент, нити за можните опасни несакани дејства.
Една година подоцна пилулата е прогласена за ефикасна како средство за контрацепција, но 17 проценти од жените претрпеле исцрпувачки несакани ефекти, меѓу кои повраќање, главоболки и стомачни болки. Три жени починале за време на експериментот, но за тоа не следела никаква истрага.
Најранливата категорија Американци исто така биле тестирани и со канцерогени инекции како „agent orange“. Доктор Алберт Клигман, кој го водел експериментот ги користел Афроамериканците во затворот Холмсбург како субјекти, за она што го нарекувал „дерматолошко истражување“. Дерматолошката компонента се состоела во тестирање на ефектите од „agent orange“ врз кожата, преку вбризгување на диоксин (главната компонента од „agent orange“). Се смета дека Клигман вбризгувал 468 пати повеќе од количината која бил овластен да ја користи. Во интерјву за еден весник во 1966 година, Клигман изјавил: „Сѐ што гледав пред мене беше само голема површина од кожа…. Тоа беше како кога фармер за прв пат гледа плодна земја“.
Погледнете го видеото со останатите највознемирувачки расистички експерименти во 20-тиот век.
https://www.youtube.com/watch?v=KZtwbZMBhyQ