10 здравствени придобивки од бананите

Бананата е едно од најконзумираните овошја насекаде во светот. Ова овошје е богато со хранливи материи, витамини, растителни влакна и природни шеќери што го прави извонредно корисно за здравјето.

Бананите може да се конзумираат во сите фази од созревањето, почнувајќи од оние со зеленкасто-жолта боја, па сѐ до фазата кога на површината добиваат темно кафеави дамки. Овие дамки многу често се причина луѓето да ги одбегнуваат ваквите банани, без да знаат дека токму бананите со темни дамки на површината сѐ всушност најкорисни.

Ви претставуваме 10 извонредни здравствени придобивки кои може да ги имате токму од бананите со темни дамки.

Black-Spots-banana-700x3641. Бананите со темни точки ја засилуваат способноста на имуниот систем на организмот да се бори против туморските клетки

Јапонски научни истражувања покажале дека темните точки од бананите продуцираат супстанција наречена „ТНФ“- Тумор некротизирачки фактор, која има способност да се бори против клетките на ракот. ТНФ им помага на клетките на имунолошкиот систем да се насочат кон инфицираните клетки и да го сопрат ширењето на абнормалните клетки, предизвикувајќи нивно уништување или апоптоза. ТНФ, заедно со антиоксидансите со кои се богати бананите, го зајакнуваат имунолошкиот систем и доведуваат до зголемување на белите крвни зрнца. Антиоксидансите исто така ги неутрализираат слободните радикали кои ги формираат канцерските клетки.

2. Бананите со темни дамки ја олеснуваат жиговината

Овие банани се богати со калиум-алкален минерал со pH вредност 14. Затоа, конзумирањето на само една банана дневно помага да се регулира киселоста во желудникот и да се намалат симптомите на жиговината.

3. Калиумот што го содржат бананите со темни дамки го регулира крвниот притисок

Големото количество на калиум и ниското ниво на натриум што го содржат бананите помага во регулирањето на крвниот притисок. Едно истражување направено од П.К.Велтон и неговиот тим што беше објавено во “Journal of the American Medical Association” покажува дека зголемувањето на дневното количество на калиум помага да се намали систолниот притисок за 3 mmHg, а дијастолниот речиси за 2 mmHg.

4. Овие банани овозможуваат брзо подигање на енергијата во телото

Бананите со темни дамки содржат три природни шеќери: сахароза, фруктоза и глукоза, во комбинација со растителни влакна. Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на само две банани пред интензивен физички напор може да ја продолжи издржливоста на телото за еден час, па и повеќе. Калиумот исто така помага да се спречи појава на грчеви во мускулите.

bananas-652497_12805. Бидејќи се богати со железо и калиум, овие банани помагаат во спречување на анемија

Благодарение на високото ниво на железо и калиум што го содржат бананите со темни дамки, се зголемува хемоглобинот што му помага на организмот да се бори против анемијата.

6. Овие банани може да ги јадат дури и лица со чир на желудник

Темните дамки на бананите покажуваат дека тие се созреани, а како такви помагаат да се регулираат цревните пореметувања, бидејќи ја намалуваат киселоста во желудникот. Тие исто така помагаат да се намали иритацијата на желудникот, бидејќи со нивната мека кашеста структура ја обложуваат желудечната лигавица и ја штитат од желудечните киселини.

7. Овие банани спаѓаат во намирниците кои се препорачува да се јадат кога сте во депресија

Серотонинот е мозочен невротрансмитер кој прави луѓето да бидат  релаксирни, да се чувствуваат среќни и го подобрува расположението. Бананите кои имаат темни дамки содржат високо ниво на триптофан, којшто во телото се претвора во серотонин. Затоа, конзумирањето на банани практично помага во борбата против депресијата.

8. Овие банани се добри за варењето на храната и против запек

Бананите со темни дамки се одличен извор на растителни влакна кои помагаат да се регулира варењето на храната. Покрај тоа, тие содржат супстанција која се нарекува пектин – тип на влакна кои ја менуваат структурата на бананите кога тие се созреани што ги прави да бидат помеки. Благодарение на ова, бананите се исклучително корисни за дигестивниот систем. Исто така, се препорачува да се избегнуваат зелените несозреани банани бидејќи тие содржат големо количество на скроб кој создава запек.

{237CCADF-9B0D-4A00-B9F3-B86F42E41CB2}ops-banana-smile9. Овие банани помагаат да се надминат промените во расположението при ПМС

Витаминот Б6 и калиумот со кои се богати овие банани помагаат да се спречи задржувањето на вода и чувството на надуеност. Бананите помагаат во регулацијата на нивото на шеќерот во крвта, а калиумот придонесува да се спречи појавата на грчеви на мускулите, што севкуно доведува до подобрување на расположението.

10. Тие исто така помагаат да се намали телесната температура, особено при високи надворешни температури

Зрелите банани содржат адстрингентана супстанција наречена танин, која ја овозможува нивната сувост. Кога се конзумира храна богата со адстрингенти, ткивата во телото се контрахираат, или се собираат, и ја зголемуваат апсорпцијата на водата. Со ова се зголемува количината на вода во клетките, со што се одржува температурата на телото пониска. (извор).

Извор: UNB FACTS

Поддржете ја нашата работа: