Том ја посетувал програмата за работно искуство, односно пракса, на Универзитетот Кил во Велика Британија кога прегледувајќи ги податоците од проектот „WASP“ забележал мали точки во светлината на една ѕвезда, предизвикани од мистериозна планета која поминувала пред неа.
Сега, после 2 години и после дополнителни анализи и опсервации, научниците од Швајцарија и Белгија конечно го потврдија откритието на Том, кој сега има 17 години.

Планетата моментално го носи бројот „WASP-142b“ (бидејќи е 142-та планета откриена преку овој проект) и допрва треба да се именува. Се наоѓа на околу илјада светлосни години од Земјата и припаѓа во класата на егзопланети познати како „жешки Јупитери“ – кои го добиле ова име поради тоа што се големи колку Јупитер, но за разлика од Јупитер, тие орбитираат многу блиску до својата ѕвезда. Атмосферите на овие планети се многу егзотични со многу високи температури.
ЕНаука — поддржана од читателите
Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.
Поддржете ја ЕНаука
Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.
15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032cE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJtВи благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























