20 работи што не сте ги знаеле за Ајкулите

1. Има околу 500 познати видови на ајкули кои варираат во големина, форма, исхрана и животна средина.

2. Ајкулите се застапени во водите на секој океан, од плитките соленкасти утоки до длабочини од речиси 3.000 км.

 

3. Видовите на ајкули варираат од многу мали – со големина на една дланка, како што е на пример ајкулата од видот Etmopterus perryi, до многу големи, како што е ајкулата кит која расте до 12 метри во должина.

2007-3716 Smallest Shark4. Плоснатите ајкули, уште познати и како морски ангели имаат рамно тело, слично на ражите со кои се тесно поврзани, додека пилоносите ајкули имаат издолжена муцка со заби која што може да биде речиси подеднакво долга колку и нивното цилиндрично тело.

5. Ајкулата од видот „Mitsukurina owstoni“, уште позната како ајкула- гоблин е најстариот и единствениот познат преживеан член на фамилијата „Mitsukurinidae“, која е стара околу 125 милиони години.

goblin-shark-jaw6. Првите ајкули еволуирале пред околу 400-455 милиони години, но нивните флексибилни ‘рскавични скелети се многу ретко зачувани, па така има многу малку фосилни остатоци од најраните видови.

7. Фосилизираните дентикули – мали крлушки во облик на заби, кои некогаш ја покривале кожата на ајкулите се најстариот доказ којшто го имаме за ајкулите, иако научниците не се согласуваат за тоа дали дентикулите се доволни за да се класифицира еден вид како ајкула.

8. Неколку работи се карактеристични за една вистинска ајкула, а тоа се: коските на вилицата и жабрените отвори и, за разлика од другите видови на риби, скелетот од ‘рскавица наместо коска.

9. За разлика од рибите кои имаат мочен меур исполнет со воздух, кој им помага во контролирањето на пловењето, ајкулите го користат нивниот голем масен црн дроб како внатрешен уред за пловење.

10. Многу видови на ајкули (исто како и повеќето риби) се ладнокрвни, но некои се топлокрвни, вклучувајќи ја големата бела ајкула.

11. Температурата на телото која е потопла од водата наоколу, им овозможува на ајкулите неверојатна брзина во многу работи. Тие растат побрзо, пливаат побрзо и ловат поефикасно. Всушност, тие треба да јадат 10 пати повеќе од нивен ладнокрвен роднина со слична големина на пример.

12. Истражувачите кои набљудувале големи бели ајкули како се хранат од труп на кит во близина на брегот на Јужна Африка, забележале дека повеќе ајкули се хранат една покрај друга, прикажувајќи прилично релаксирано однесување, наместо бесна борба за храната, и тоа позиција во која стомакот е нагоре, и недостаток на окуларна ротација.

13. Окуларна ротација, или ротација на очите претставува превртување на очите кај ајкулите. Тие имаат безживотни црни очи, кои кога ќе го загризаат пленот се превртуваат и стануваат целосно бели.

440px-White_shark_(Carcharodon_carcharias)_scavenging_on_whale_carcass_-_journal.pone.0060797.g004-A14. Само некои видови на ајкули, вклучувајќи ја и големата бела ајкула, ја користат оваа техника на превртување на очите за да си ги заштитат очите. Останатите видови си го чуваат видот со помош на трет проѕирен очен капак, наречен никтитативна мембрана.

15. Некои етимолози сметаат дека зборот ајкула може да потекнува од раните германски и холандски зборови за превртливи, односно лукави карактери.

16. Други истражувачи пак сметаат дека зборот ајкула потекнува од јукатанскиот јазик – јазикот на Маите, кога англиски морнари кои ги посетиле карипските води во 16 век го преземале локалниот збор за големи риби.

17. Се смета дека Мегалодонот, со должина поголема од 15 метри, бил најголемата ајкула којашто некогаш постоела, пред да исчезне пред околу 2,6 милиони години.

_78482930_90bcb281-e3d3-456e-8378-f707c410219218. Сепак, и Мегалодонот некогаш бил мал, релативно кажано. Во 2010 година, палеонтолозите објавиле дека откриле дом на новороденчиња мегалодони, стар околу 10 милиони години, на брегот на Панама. Новороденчињата биле долги околу 2 метри.

19. Можеби сте слушнале дека ајкулите не може да заболат од рак. Тоа не е точно. Ајкулите може да добијат рак и тоа е познато уште од 1908 година кога е откриен малиген тумор кај сина ајкула.

20. Луѓето ги гледаат ајкулите како закана, но всушност е обратно. Околу 100 милиони ајкули се убиени секоја година од страна на рибарите кои ги ловат, им ја отсекуваат грбната перка и ја продаваат како деликатес, а потоа го оставаат ранетото животно назад во океанот, после што умира. Оваа практика не ги загрозува само ајкулите, туку целиот синџир на исхрана којшто се нарушува како резултат на намалената бројка на животните.

Поддржете ја нашата работа: