25 најопасни животни на светот

25. „Deathstalker“

Оваа високо отровна скорпија која живее првенствено во Северна Африка и на Блискиот Исток е одговорна за повеќе од 75% од смртните случаи поврзани со скорпија секоја година. Иако здравите возрасни обично чувствуваат само неподнослива болка, кај децата се јавува треска, кома, конвулзии и парализа пред нивните бели дробови да се наполнат и „удават“ во сопствената течност.

24. Африканизирана медна пчела

Овие пчели се резултат на експеримент од 1957 година, кој за жал излезе од контрола. Многу поагресивни од нивните европски роднини, овие генетски мешани „пчели-убијци” оттогаш се шират низ Америка.  Брзо се шират во некои региони поради нивната тенденција немилосрдно да ги бркаат своите жртви на голема далечина.

23. Носорог

Смртните случаи од носорог во некои делови од светот не се невообичајна појава. Тешко е да побегнете, освен ако не сте побрзи од 40км на час. Всушност, само погледнете го и се ќе ви стане јасно.

22. Конусен морски полжав

Една капка отров од овој влекач е доволна за да стави крај на 20 човечки животи. Понекогаш се нарекува како “полжав цигара”, што значи дека доколку сте контаминирани, имате време да испушите една цигара пред да престанете да дишете. Нема против отров.

21. Камена риба

Легнат камуфлиран на океанското дно, овој грд мал масовен убиец мирно чека и со молскавична брзина го напаѓа својот плен (помалку од 0,015 секунди). Позната е и како „најотровната риба на светот“.  Нejзините боцки во најдобар случај ќе ве чинат нога, а во најлош, живот.


20. Големата бела ајкула

Овие легендарни предатори имаат страшна техника и тајминг за дегустација. Тие ги тестираат бродовите, штиците, луѓето, нешто што лебди. Спротивно на популарното верување, сепак, тие навистина не јадат луѓе. Луѓето се премногу коскени  и после првичниот залак, тие обично ве оставаат да искрварите во вода.

19. Црна мамба

Едно од најозогласените суштества на светот, често нарекувано „проклетството на смртта“. Во Африка, оваа змија е извор на бројни митови и легенди, позната по тоа дека е многу агресивна, брза и напаѓа без провокација.

18. Кејп Бафало

И покрај обидите, никогаш не е успешно припитомено. Ова многу непредвидливо суштество не е љубител на луѓе. Низ Африка е познато како “widowmaker” или „црна смрт” и е одговорно за повеќе смртни случаи секоја година од кое било друго големо животно на континентот.

17. Отровна стрела- жаба

Овие мали шарени водоземци  имаат доволно отров да убијат 20.000 глувци или да го сопрат срцето на големо животно. И да бидат работите уште полоши, отровот , всушност, се наоѓа на површината на кожата. Не ја допирајте.

16. Поларна мечка

За разлика од повеќето други животни на оваа листа, најголемиот месојад на светот не се плаши од вас. Тие не се вродени предатори и јадат се што е дури малку месно, вклучувајќи и други поларни мечки. Иако тие генерално не убиваат луѓе, тоа е веројатно затоа ги немаат многу во близина.

15. „Box“ медуза

Секоја година убива повеќе луѓе од ајкулите, крокодилите и камените риби заедно. Ја носи титулата „најотровното животно во светот”. Нејзиниот отров е толку силен и во некои случаи смртта настапува за минута.

14. Африкански лав

Иако луѓето генерално не се на нивната плен-листа, некои лавови знаат да изненадат и активно да бараат човечки жртви.  Еден познат случај е од 1898 година, кога се убиени 28 железнички работници во Кенија во период од 9 месеци.

13. Бумсланг

Иако овие змии се релативно срамежливи и генерално не напаѓаат луѓе, кога го прават тоа, работите може да станат буквално хаотични. Нивниот отров е хемотоксин  кој оневозможува згрутчување на крвта.  Со други зборови, жртвите умираат полека, како да крварат од секоја пора.

12. „Надуена“ риба

Се смета за еден од најпознатите отровни ‘рбетници во светот. Интересно е што оваа риба е деликатес во Јапонија. Сепак, доколку не успеете да ја зготвите правилно, нејзиниот отров ќе ја парализира вашата дијафрагма и ќе го сопре дишењето.

11. Хиена

Во текот на денот овие предатори избегнуваат луѓе, по зајдисонце парадигмата се менува. Иако хиените се познати како ловци на луѓе, однесувањето има тенденција да се зголеми за време на војна и болести поради нивниот силен афинитет за човечки лешеви.

10. Комодо змеј

Слично како поларните мечки, комодо змејовите не се пребирливи и јадат буквално се. Тие се неверојатни ловци кои бесшумно доаѓаат и ја напаѓаат жртвата. Има малку забележани човечки жртви, поради ограничената интеракција, како и фактот дека тие јадат само еднаш месечно.

9. Це Це Мува

Овие крвопии се примарниот носител на африканската спиечка болест и затоа се индиректно одговорни за смртта на една четвртина од еден милион луѓе секоја година.

8. Леопард

Кога повеќето животни се повредени тие бегаат и се кријат. Не и леопардите. Кога овие опасни суштества се ранети, тие стануваат поопасни. Не само тоа, тие се неверојатно силни. Тие сакаат да го сокријат својот плен надвор од дофат. Буквално, влечат мртви антилопи на дрвја.


7. Карпет Випер

Одговорна за поголемиот дел смртни случаи  поврзани со змија во светот, оваа змија користи хемотоксин, слично како бумслангот. За жал, поголемиот дел од каснувањата се случуваат во области кои немаат модерни медицински установи, па жртвите полека крварат до смрт во текот на неколку недели.

6. Бразилски талкачки пајак

Според Гинисовата книга на рекорди ова е најотровниот пајак на светот. Дополнително е опасен поради тенденцијата за талкање (така и го добива името).  Тие често се наоѓаат скриени во куќи и автомобили во густо населените области, особено во текот на денот. Лоша комбинација.


5. Син прстенест октопод

Иако има големина на топче за голф, не дозволувајте да ве залаже. Содржи количина на отров доволна да убие 26 возрасни лица. Доволни се неколку минути комплетно да се парализирате и да престанете да дишете. И како што можете да претпоставите, противотров нема.

4. Нилски коњ

Иако се претежно тревојади, тие се исто така многу агресивни и се сметаат за едни од најопасните животни во Африка. Познати се дека напаѓаат без провокација.

3.Морски крокодил

Седнати на врвот на синџирот на исхрана, морските крокодили јадат буквално се, од биволи до ајкули. Со цел да го убие својот плен користи техника „Death  Roll”, каде што немилосрдно ја врти жртвата одново и одново во вода се додека не се удави и распадне.

2. Африкански Слон

Најголемите животни на светот, слоновите може да бидат жестоко агресивни и се познати дека можат да газат дури и носорог или два, до смрт. Во нивните напади на бес, имаат капацитет да уништат цело село.

1.  Комарец

Од слон дојдовме до комарецот. Најмал и најубиствен. Се проценува дека комарците пренесуваат болести на речиси 700 милиони луѓе годишно, што резултира со 2 до 3 милиони смртни случаи секоја година.

Поддржете ја нашата работа: