3 работи што НЕ смеете му ги кажете на вашиот партнер/ка

Можните реакции на вака несреќно избраните изрази ќе се движат од тивко повлекување, па се до бурни изливи на разочараност од вашиот недостаток на емпатија и разбирање.

1. „Не треба така да чувствуваш“

Секое „треба“ веќе претставува осуда. Речиси секогаш кога употребувате ваква фраза, ја ставате партнерката во дефанзива, бидејќи индиректно ја напаѓате поради начинот на кој реагира, што јасно подразбира дека нејзините чувства се погрешни, или во најмала рака неоправдани. Но тешко дека тука се работи за пренагласеност, затоа што никој во моментот не може да контролира што ќе чувствува, вклучувајќи ја и вашиот партнерка. Врз основа на вашето заедничко минато како пар и тоа како вашата партнерка ги интерпретира вашите забелешки, нејзината болка ѝ изгледа апсолутно реална и логична, па затоа, ако ѝ кажете да не се чувствува така, тоа  може да изгледа навредливо, дури и до точка на потсмевање.

Секако, вие можеби воопшто немате такви намери. Сепак, емоционалниот одговор на вашата партнерка е сосема оправдан затоа заслужува и има потреба од  емпатија – пред да се стави под сомнеж. Па, ако сте вознемирени од реакцијата на партнерката, која не се совпаѓа со начинот како сте мислеле да комуницирате  – барем свесно, потребно би било да ја прашате партнерката што точно слушнала дека сте рекле. И тоа да го сторите не како да осудувате, туку на начин кој покажува желба подобро да разберете што е тоа што ја вознемирува.

Во вакви деликатни ситуации, секоја критика би можела да биде опасна за врската. Затоа внимателно настојувајте да ги избегнувате ваквите оценки. Изразите на вашата партнерка, без разлика дали на лутина, тага, страв или срам, може да направи да се чувствувате непријатно и веројатно ќе доведе до тоа да  помислите дека сте неспособни, отфрлени. Оттука, може да се почувствувате повикани да ја разубедите  партнерката за нејзините чувства, што ретко е добра работа што треба да ја направите со било кого – барем не веднаш.

2. „Премногу си чувствителен“

И оваа нечувствителна забелешка има конотација на барање: „Не биди толку чувствителен/а“. Кажана само малку поинаку, оваа забелешка во себе го крие осудувачкото „треба“. Но, во суштина ние сите сме чувствителни, онолку колку што сме. Со оглед на нашата биологија и севкупното минато искуство, нашата сегашна чувствителност мора да е таква каква што е. Затоа, омаловажувањето на таквата нејзина силна реакција на вашата (очигледна) провокација ќе претставува низок удар. Кога некој е остро осуден за неговата вознемиреност, тоа може да го почувствува како напад на самиот негов идентитет. Покрај тоа, да изјавите дека вашата партнерка е „премногу чувствителена“ е исто како да кажете дека нејзините чувства се погрешни. И во зависност од контекстот, како и со авторитативноста на вашиот тон, тие зборови би можеле да направат вашата парнерка да се почувствува слаба, затоа што се чувствува на тој начин.

Земете го предвид, уште еднаш, и тоа дека и вие може негативно да регирате на повредените чувства на партнерката, бидејќи иако можеби не сте свесни за тоа, нејзината чувствителност ве прави и вас да се чувствувате виновни. Ако ја доживеете нејзината реакција како критика, а изразите на вознемиреност како напад (иако индиректно), може да се почувствувате принудени да се правдате.

Во вакви случаи потребно е да ги прифатите емоционлните искуства на партнерката од нејзината (а не од ваша) точка на гледање. За да се справите со вакви фрустрирачки ситуации, потребно е едноставно да ја прашате пртнерката која е причината за нејзината вознемиреност, со тон што јасно покажува загриженост, а не критика.

3. „Не плачи“

Многу од нас реагираат негативно кога партнерот ќе заплаче. Може да покажеме зачуденост, непријатност, вознемиреност, па дури и лутина што партнерот е толку обземен со вознемирувачки чувства, што почнува да плаче.

Како и другите, несвесно навредливи реакции, ако реагирате на плачењето на партнерката со тоа што ќе ѝ кажете да престане, независно дали со критичен или сочувствителен тон, вие секако испраќате порака дека таа (или тој), не треба да се чувствува така, секако не со толкав интензитет. Ако го направите тоа, ќе ја понижите партнерката, иако ненамерно. Очигледно, ако партнерката почувствува такво неодобрување, ништо нема да ви помогне да ја вратите хармонијата.  

Одговорот на ваквата реакција бара емоционално да се идентификувате со повредените чувства на партнерката. Ако двајцата сакате да ги надминете разликите и недоразбирањата, вашата партнерка веројатно ќе има потреба да ви разјасни што е тоа во вашите зборови што ја натерало да заплаче.

И за крај: ако успеете да ги избегнете ваквите контра-продуктивни реакции, тогаш сте на добар пат да остварите многу посигурна и подоверлива релација со вашата партнерка, што е и главната одлика на добрите врски.

Поддржете ја нашата работа: