3Д принтери инспирирани од Терминатор 2

Компанијата „Carbon3D“, својата нова техника ја објави во понеделникот во списанието  „Science“. Од компанијата велат дека покрај оваа технологија, која ќе може во текот на идната година да се применува во индустриски апликации, познатите 3Д принтери кои ги продава „MakerBot“- изгледаат како детска играчка.

„Сметаме дека популарното 3Д печатење е погрешен назив. Тоа всушност е 2Д печатење кое се повторува“- вели професорот Џозеф  ДеСимоне, професор по хемија на Универзитетот во Северна Каролина и ко-основач на „Carbon3D“. Досега во оваа област работеа главно машински инженери, кои открија како со нанесување на слој по слој да создадат предмет. Ние сме двајца хемичари и еден физичар, па затоа приоѓаме од друга перспектива“

 

Исто како што злобниот Т-1000 се издига од локва од течен метал и  предметите што се создаваат со новиот принтер се чини дека се појавуваат „од воздух“. Оваа техника овозможува создавањето на предмети да се одвива многу брзо – 25 до 100 пати побрзо од сѐ што досега го има на пазарот.

Де Симоне и неговите колеги ја нарекуваат оваа технологија “continuous liquid interface production technology” или „CLIP“ (континуирана течна поврзувачка технологија на производство).

„ CLIP“ технологогијата користи базен од смола поставен преку дигитален систем за проектирање на светлина. Преку специјален  прозорец, поставен помеѓу смолата и светлината, светлината и кислородот може да поминат (многу слично како кај контактните леќи).

За да создаде објект, „CLIP“ проектира одреден сноп од светлина и кислород. Светлината ја стврднува смолата, а кислородот ја спречува да се стврдне. Преку истовремена контрола и на светлината и на кислородот, се овозможува сложените форми и решетки да се направат во еден дел, наместо да се нанесуваат повеќе слоеви, како што воообичаено се прават 3Д објектите. Овие слоеви имаат недостатоци, со што се оневозможува 3Д печатените објекти да имаат мазна површина. За да ги минимизираат овие недостатоци, на креаторите им е потребно уште повеќе време за да ги испечатат објектите.

„Ваквите пречки му дозволуваат на 3Д печатењето да создаде одличен прототип, но не се доволно добри за да создадат комерцијални производи за широка примена. Ние бевме заинтересирани најмногу тоа да го промениме“- велат во „Carbon3D“.

Кога се гледа „CLIP“ во акција – изгледа импресивно, исто како и објектите што ги создава. ДеСимоне смета дека можноста што ја има оваа техника за изработка на мали мазни предмети ќе претставува голем напредок во изработката на сензори за паметните телефони и сензори за фитнес справите, како и за изработка на микро игли и други системи за пренос на лекови.

Поддржете ја нашата работа: